Pinko ги облече Ирина Шајк и Стела Максвел во спектакуларни креации на Венецијанскиот Филмски Фестивал
Во тек е 79-тиот филмски фестивал во Венеција, кој започна минатата среда и ќе трае до оваа сабота. Покрај репертоарот на познатото биенале, очите на посетителите а и фановите околу светот се вперени и кон познатите гости. Преку годините овој култен настан се има претворено во една од најспектакуларните модни писти, каде големите дизајнерски куќи ги облекуваат познатите личности во уникатни, custom-made креации кои секогаш се за паметење.
На овогодишниот црвен тепих веќе видовме 7 дами облечени во елегантни креации на италијанскиот бренд Pinko, вклучувајќи ги и супермоделите Стела Максвел и Ирина Шајк, која беше и заштитно лице на Pinko во пролетната кампања, како и блогерката Вероника Фераро, прима балерината Вирна Топи и белгискиот модел Роуз Бертрам. Дел од дамите беа облечени во црни елегантни фустани, кои со својот минималистички изглед зрачеа совршена елеганција, и го редерфинираа значењето на моќта на малиот црн фустан. Погледнете повеќе:
Овогодишната селекција на Pinko за црвениот тепих во Венеција е доказ дека помалку е навистина повеќе. Кога се работи за гламурот и елеганцијата, овие custom-made креации ги исполнуваат сите критериуми, и несомнено би сакале да имаме барем една од нив во сопствениот плакар.
Како рекреација на овие модели, прилагодени за ready-to-wear пазарот, Pinko неодамна ни ја претстави капсулната колекција DRESS TO IMPRESS. Колекцијата се состои од уникатни креации кои исто како фустаните од Венецијалнсиот филмски фестивал зрачат гламур и елеганција. Колекцијата се карактеризира со сензуални силуети кои ќе ја истакнат вашата фигура, и впечатливи детали за уште поголема доза впечатливост. Погледнете дел од креациите од колекцијата Dress to Impress кои се достапни во продажните салони Pinko, Ramstore Mall и Magnetik Gallery, Skopje City Mall, како и онлајн на magnetik.mk/pinko.
Pinko капсулна колекција Dress to Impress
Погледнете ги и другите парчиња од новата колекција на Pinko за есен-зима ‘22/’23 кои веќе се достапни во продажните салони Pinko, Ramstore Mall и Magnetik Gallery, Skopje CIty Mall како и онлајн на magnetik.mk/pinko.