Магнетик Блог Политика за приватност

Ова е политиката за приватност на Магнетик ДООЕЛ во врска со собирањето и обработката на личните податоци преку веб страницата magnetikfashionblog.com.mk.

Магнетик ДООЕЛ (во натамошниот текст: „Магнетик“, „ние“) е контролор на личните податоци. Ние одлучуваме зошто обработуваме лични податоци, кои податоци ќе ги собереме и обработиме, како ќе го сториме тоа, како и кои ќе бидат нашите обработувачи на лични податоци.

Обработувачите на лични податоци се компании кои за нас ја вршат обработката на личните податоци.

Корисниците на веб страницата magnetikfashionblog.com.mk се субјекти на лични податоци (во натамошниот текст: „корисниците“, „вие“).

Собирање и обработка на лични податоци

Веб страницата magnetikfashionblog.com.mk не собира апсолутно никакви лични податоци. Вашите посети на веб страницата се анонимни. Не користиме колачиња или други механизми за собирање на лични податоци, ниту пак на страницата постои можност вие самите да оставите некаков личен податок.

Кои се вашите права

И покрај тоа што не собираме ваши лични податоци преку оваа веб страница, Законот за заштита на личните податоци сепак гарантира одредени права како субјект на личните податоци, кои ние ги почитуваме. Тие права се:

  • Пристап до своите лични податоци, односно потврда дека вашите лични податоци се собираат и обработуваат од наша страна

  • Исправка на вашите лични податоци, доколку оние кои ги имаме и обработуваме се неточни

  • Бришење на вашите лични податоци („право да се биде заборавен“), што подразбира право да побарате и добиете бришење на сите ваши лични податоци кои ги обработуваме доколку претходно бидат исполнети законски пропишаните услови за бришење на податоците

  • Ограничување на обработката на вашите лични податоци 

  • Пренесување на вашите лични податоци кај друг контролор

  • Повлекување на согласноста за обработка на личните податоци, доколку претходно сте дале таква согласност.

Како да ги остварите вашите права

За секое од овие права можете да поднесете барање на onlinestore@magnetik.com.mk
Законскиот рок за одговор на вашето барање е 30 дена.

Офицер за заштита на личните податоци

Имаме поставено офицер за заштита на личните податоци. Неговите контакт податоци се:

Душан Нешовски
dushan.neshovski@magnetik.com.mk
070 379 343

Измени на политиката за приватност

Го задржуваме правото во секое време да направиме измени на оваа политика за приватност. Таа има за цел да ве информира за нашите активности во врска со собирањето и обработката на вашите лични податоци, така што мора да се менува како што ќе се менуваат и нашите активности.

Контакт

За какви било прашања во врска со оваа политика за приватност контактирајте не на onlinestore@magnetik.com.mk