Модни трендови Есен-Зима 2022-23!
Бои, текстури, сјајни детали… лесно е да се изгубиш во светот на модата. Од сезона во сезона модните трендови се менуваат, а креаторите и љубителите на модата секогаш се во потрага по нешто ново, свежо и уникатно. Како што заоѓа летото, сите се прашуваме: Кои се актуелните трендови за кои сме гладни оваа сезона? Ајде да дознаеме заедно:
1. ПОЛНИ РАЦЕ БАЛОНИ
Балон ракавите - моден детаљ кој полека но сигурно се развива во еден од највпечатливите трендови за оваа сезона. Оваа силуета на истакнат ракав е фузија на женствениот стил од ренесансата од 15-тиот век, елеганцијата од 1930-тите и актуелните тенденции кон oversized детали од новата деценија. Од кошули до фустани и џемпери, ако сте во потрага по вакво впечатливо парче ќе го пронајдете во Weekend Max Mara, Pinko и Pennyblack, а еве ги нашите фаворити:
2. ЛЕСНИ КАКО ПЕРДУВ
Неочекувано, но пријатно изненадување - оваа есен и зима ќе носиме пердуви! Модните креатори секогаш бараат нови уникатни комбинации со кои можат да не изненадат, и ова изненадување е повеќе од пријатно. Како реинкарнација на салонскиот стил од 1920-тите кога девојките се обвивале во бисерни ѓердани, разресени здолништа и секако, ладала и декоративни венчиња со пердуви, оваа модна сезона повторно ќе уживаме во иконскиот flapper гламур. Ако сте во потрага по вакво гламурозно модно парче, погледнете ги чевлите, фустаните и другите уникатни креации со пердуви во колекциите на Patrizia Pepe и Twinset:
3. ЧАНТИ КОИ ЧРЧОРАТ
Сите имаме денови кога сакаме да изгледаме WOW, комбинирајќи принтови и бои, и впечатливи парчиња во контрасни тонови…. но исто така сите имаме денови кога сакаме да изгледаме WOW во монохроматска или неутрална комбинација која можеме да ја склопиме во 5 минути. Сè што ни треба за да го постигнеме тој ефект е еден особено впечатлив аксесоар кој гласно ќе го претстави нашиот стил во едно парче - една WOW чанта! Ако сте во потрага по вашата гласна чанта за оваа сезона, италијанските брендови Patrizia Pepe, Liu Jo, Marella и секако - Pinko се тука за вас:
4. ЦРНО И БЕЛО Е СÈ
Еден од водечките трендови оваа сезона е polka-dot принтот кој е повторно актуелен, и тоа во препознатливата црно-бела комбинација на бои. Но тоа не е се. Всушност, црно и бело е СÈ - кога се работи за принтовите кои се актуелни оваа сезона. Од црно-бел лого принт, уникатни абстрактни принтови па дури и цветни принтови… оваа есен и зима уживаме во изобилие на уникатни графички принтови и плетки во црно бели комбинации. Ако сте во потрага по вакво безвременско парче, ваши омилени брендови ќе бидат Twinset, Pennyblack, Pinko и SportMax (достапен во Маgnetik Gallery, Skopje City Mall). Погледнете ги нашите црно-бели фаворити од нивните колекции:
5. ЕСЕНСКИ БУКЕТ
Уште едно убаво изненадување за сите дами оваа сезона, можеби и најубавото... Најпопуларниот тренд од пролет-лето - цветниот принт - мигрира и во поладните годишни времиња како прекрасен есенски букет. Со есенска палета на бои и варијанти кои потсетуваат на внатрешниот декор од од 80-тите, овој тренд е вистински подарок за сите дами кои сакаат да ја изразат својата женственост преку својот стил. Ако сте една од нив, ќе пронајдете изобилие на вакви уникатни модни парчиња во Weekend Max Mara, Twinset, Liu Jo, Pennyblack и Gerry Weber:
6. ДИВИ МАЧКИ
Да, леопардскиот принт е повторно во тренд и погласен од било кога! Со многу нови варијанти кои вклучуваат контрасни бои, или како outerware акценти, очекувајте оваа модна сезона многу ‘диви мачки’ по урбаните улици. Ако сте во потрага по вакво храбро парче, Liu Jo, Twinset, Pinko и Pennyblack се вашата следна дестинација. Погледнете ги нашите фаворити: