Weekend Max Mara пред-колекција есен 2016

Weekend Max Mara пред-колекција есен 2016

Најновите модни трендови пристигнаа и кај нас! Луксузната WEEKEND MAX MARA го обележува почетокот на новата модна сезона есен 2016 со уникатни кроеви, врвни матерјали и неодоливо модерни парчиња. 

Погледнете ги главните трендови за новата сезона и парчиња кои мора да ги имате во вашите гардеробери!

1. PIJAMA DRESSING

Како прв и клучен тренд на сезоната ви го претставуваме пижама трендот. Овој тренд се развива веќе неколку сезони кај големите светски брендови, а оваа сезона со уште посилен фокус како целосен "Pijama" аутфит. Кежуал стилот, бокси фитингот и малата јака, се деталите кои го обележуваат овој тренд.

Оваа сезона, очекувајте го на светските модни писти.

2. Жакард аутфит

Како втор силен сезонски тренд е целосниот жакард аутфит. Жакард коктел панталони, во комбинација со жакард сако е комбинација која секоја модерна жена мора да ја поседува!

3. Плисе

Плисето повторно се враќа на модните писти. Оваа сезона Weekend Max Mara го комбинира плисираното здолниште со блуза во дебели линии и машки уникатни Monk-strap чевли.

4. Monk-strap чевли

На сите ни е добро познат терминот Oxford чевли, но за оваа сезона фокус се става на новите Monk-strap чевли. Она што е уникатно и препознатливо за овие чевли се двете ременчиња. Weekend ни ги препорачува овие уникатни чевли во скоро секоја комбинација од новата колекција.

5. Макси фустан

Макси-фустанот, како клучно парче на брендот во оваа колекција со нов уникатен крој. 

6. Weekend Max Mara волнен капут без постава

Заштитното парче на групацијата MAX MARA - волнениот капут, е парче кое мора да го имате! Совршениот и препознатливиот крој одлично се приспособува на секоја фигура. Во предколекцијата, без постава и со три-четврт ракав, совршен за меѓусезоните.

7. Силен фокус на накит

Кежуал стилот на Weekend Max Mara одлично се надополнува со богатите модни додатоци.

Деним кроеви на LIU JO

Деним кроеви на LIU JO

 Разбуди ја летната бунтовничка во себе заедно со Tally Wеijl!

Разбуди ја летната бунтовничка во себе заедно со Tally Wеijl!