Разбуди ја летната бунтовничка во себе заедно со Tally Wеijl!

Разбуди ја летната бунтовничка во себе заедно со Tally Wеijl!

Најубавото време од годината веќе пристигна, па конечно можеме да се соочиме со најновите летни трендови и да бидеме најшик! Плажа, сонце, коктели - заедно со Tally Wеijl секогаш е исклучиво добра комбинација!

Секако, со пристигнувањето на 10-ти јуни и означувањето на крајот на обврските, значи и почеток на уште едно незаборавно лето без грижи и ограничувања...

А за да се биде во тренд, за да се биде поразличен, помаркантен... најважно е да се знае дека големиот буџет не е пресуден! Токму затоа овојпат издвоивме летни стајлинзи во соработка со ТW кои буквално ќе се погрижат каде и да бидете сите погледи да бидат вперени во вас!

Силните бои и цветните принтови на купачиот костим зборуваат за вашата самоувереност, за вашите позитивни ставови! Едноделниот костим е полн погодок доколку сакате да изгледате поженствено а истовремено шик, додека пак дводелниот костим го препорачуваме на оние кои го обожуваат сончањето! Мачичките со слогани... Впечатливо, лежерно, удобно, секојдневно, тотално МОДЕРНО! Чипканите здолништа во нежни бои...

Најдобрата работа е што дополнително го потенцираат исончаниот тен а се идеални за секоја пригода во текот на летните денови... и буквално се комбинираат со сè!

Сламениот шешир не смее да биде изоставен во ни еден случај - најпрво од аспект на заштита од штетните сончеви зраци а потоа и како додаток којшто секоја модерна дама едноставно мора го поседува! Очилата за сонце, воопшто нема потреба да ги коментираме бидејќи секој од нас ја знае нивната улога без разлика на годишното доба!

Но со сигурност можеме да ви кажеме дека се од горе наведеното може да го најдете во сите продавници на ТW без притоа да лутате! 

TW мисли на секоја дама... и се обидува да ја разбуди бунтовничката во неа!

Weekend Max Mara пред-колекција есен 2016

Weekend Max Mara пред-колекција есен 2016

10 златни правила за пакување!

10 златни правила за пакување!