МОДЕН ТРЕНД: Црно-бели графички принтови

МОДЕН ТРЕНД: Црно-бели графички принтови

Според најинфлуентната модна дизајнерка на сите времиња, Коко Шанел: Црната боја е се. Белата исто така. Нивната убавина е апсолутна и перфектна хармонија. Црно-белите комбинации се секогаш симбол за префинетост, софистицираност, смелост и самодоверба. Во најава на сезонатa есен-зима 2019 на париската модна недела, доминантни беа црно-белите комбинации со графички принтови. Hermès, Chanel и Balmain беа само неколку од модните куќи кои претставија свои комбинации во овој стил.

Софистицираните црно-бели комбинации се незаменлив избор за сите годишни времиња, формални прилики, но и за секојдневниот урбан стил. Оваа сезона, трендот на црно-бели графички принтови му дава нова свежина на овој класичен микс. Освежете ги и вашите секојдневни комбинации со ова прекрасно црно-бело здолниште на Weekend Max Mara, погодно за сите формални и неформални прилики.

Weekend Max Mara

Weekend Max Mara

67529462_409502406345315_2326796428074024960_n.jpg

Има нешто навистина моќно во контрастот на овие две бои. Покрај тоа што ќе ве издвојат од толпата, тие се многу лесни за комбинирање со вашите омилени чанти и чевли во црна, бела, црвена, или навистина било која друга боја. И вие може да бидете во центарот на вниманието со овој прекрасен фустан од PINKO, кој може да го комбинирате со класична црна или огнено црвена чанта и да блескате на сите забави кои ќе го одбележат крајот на ова лето.

Pinko

Pinko

Доколку сте љубител на уметноста и урбаниот дизајн, дефинитивно треба да ја погледнете новата колекција на италијанскиот бренд Marella

Колекцијата ART.365 е за сите оние кои сакаат елегантност и функционалност во сите 365 дена од годината. Перманентната колекција со состои само од црно-бели комбинации, додека овогодишната специјална едиција во соработка со шведската артистката Лиселоте Ваткинс вклучува црно-бели, но и шарени графички принтови. Уникатниот уметнички стил на Лисолоте, препознатлив по необични форми и комбинации на бои е одличен пример како уметноста може да биде нешто што може да се носи секој ден. Нашиот избор од LW x ART.365 се овие две едноделни парчиња, а целата колекција е веќе достапна во продавницата Marella во Ramstore Mall и Magnetik Galery во Skopje CIty Mall.

Marella

Marella

67243147_394530274512001_8600771047890878464_o.jpg
 
Елеганција за секоја прилика: Нашиот избор на долги фустани за оваа сезона

Елеганција за секоја прилика: Нашиот избор на долги фустани за оваа сезона

Аделина Тахири за Галерија Магнетик

Аделина Тахири за Галерија Магнетик