УСПЕШНИ ЖЕНИ: ИНТЕРВЈУ СО САЊА И СОЊА БОЖИНОВСКИ

УСПЕШНИ ЖЕНИ: ИНТЕРВЈУ СО САЊА И СОЊА БОЖИНОВСКИ

Секоја жена носи различна приказна во себе и во тие приказни сите имаат нешто заедничко. Тие се искрени, јасни, силни и истрајни. Стожер врз кој почива се и околу кој се се врти. Вечна инспирација и емоција.

Токму зошто жените се движечка сила во општеството ние решивме да одвоиме простор за да ви претставиме само еден дел од  #успешнитежени кај нас. Тие се мајки, сопруги, лекарки, професорки, менаџерки, а пред се столб на домот.

Овој пат ве запознаваме со две прекрасни жени, сестри и колешки Соња и Сања Божиновски и нивната Адвокатска Канцеларија. Ви пренесуваме како заедно уживавме во нашиот пријатниот разговор и едноставноста, уникатноста и елегантноста која ја поседуваат овие две млади и успешни дами.

Во склоп на вашата животна определба адвокатурата вие водите и приватен семеен бизнис со вашата мајка Верче, кој е познат по својата традиција за нега и убавина на жените повеќе од 40 години, препознатливиот салон за убавина Полена. Како дојде до овој склоп на толку различни бизниси?
 

Соња: Среќна сум со изборот на мојата професија, но да се биде добар адвокат потребно е многу знаење и искуство. Денес ние имаме 10 годишно искуство како адвокати и повеќе од 2 години сопствена адвокатска канцеларија. Со оглед дека ги развиваме своите способности на одлучност, храброст и ризик, решивме да бидеме дел од менаџирањето на обврските во Полена, се со цел да допринесеме повеќе со своите идеи.
Ние растевме со Полена, со тимот кој работи во Полена, со клиентките кои доаѓаат со години, едноставно тоа е место кој го викам мој дом.
Спојот помеѓу овие две области е многу интересен, секако преставува големо задоволство да се биде дел од тимот на Полена.

Активностите кои ги имате со Авокатската Канцеларија и салонот за убавина Полена ви одзема прилично многу време, како балансирате со приватниот живот?

Сања:
По завршување на работните обврски, во текот на денот има убави моменти споделени со своите најблиски и пријатели.

Секако времето со кое располагаме е релативно кратко, но со добар план и организација може да се направи добар баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот. За мене важи паролата “Кога се сака се се може”.

Како би го опишале вашиот личен стил и дали професијата налага одреден стил?

Соња:
Стилот се гради со текот на годините...
Ние имаме кодекс на облекување за нашата професија, тоа се норми за сите адвокати како треба да изгледаме во судница, останатите институции и клиентите со оглед дека вршиме одговорна и етичка професија. Лично сметам дека секој чевек треба да има стил на облекување затоа што тоа е дел од карактерот и не прави препознатливи.
Сања: Првиот впечаток кој ја изразува вашата личност е вашиот стил. Согласно професијата која ја вршам препочитам елегантни и класични парчиња на облека при извршување на работните обврски, а остатокот од денот во зависност од активностите.  Сакам облека во која се чуствувам удобно и опуштено.
 

Која е формулата за совршен изглед?
 

Соња: Не постои таква формула, се почнува од добрите навики како да внимаваме на сопственото здравје да ја негуваме кожата на лицето и телото и да ја одржуваме хармонијата на духовната и физичката убавина.
На така поставени цели резултатите се на позитивна страна. Во нашиот салон Полена има две добри компоненти, кои не прават препознатливи а тоа се: професионални козметичарки кои со своето знаење и вештини од облста на козметиката, негата за здрава кожа ќе ве воодушеват а другиот дел е прекрасната козметика и пријатниот амбиен кој ви дава чуство на пријатност и опуштеност. Во Скопје речиси не постои жена која не била или не слушнала за Полена, тоа е еден од најстарите салони во Скопје и сместен е на исто место цели 40 години.

Дали имате добиено посебен совет од вашата мајка, како една жена да изгледа беспрекорно?

Соња:
Да! Убавината, модата и културата да ни бидат огледало на нашето секојдневие во животот.
Јас ја обожавам Верче не само поради природната улога на мајка, туку поради посветеноста во воспитувањето и негувањето на вистинските вредности во животот.
 

Кои се Соња и Сања кога не се со работни обврски и со странки. Како сакаат да се облекуваат и кое е последното парче кое сте го купиле?
 

Соња: Со оглед дека сме големи љубители на Италијанска мода и Брендовите кои ги има во вашата групација Магнетик, често ги посетуваме и купуваме уникатни парчиња на облека во кои уживаме додека ги носиме. Во моменти кога не преовладуваат работните обврски, уживам во облека која е пријатна и дава чуство на опуштеност. Последн парче купено- фустан за летниот одмор.
Сања: Многу ми се допаѓаат стилот во Max&Co едноставно го обожавам.
 

Облека: Max&Co

Фотографии: Елена Фиданска

Костими за капење за секој тип на тело

Костими за капење за секој тип на тело

Како си поминавме на забавата на Yamamay во Cineplexx?

Како си поминавме на забавата на Yamamay во Cineplexx?