Како си поминавме на забавата на Yamamay во Cineplexx?

Како си поминавме на забавата на Yamamay во Cineplexx?

На 1ви јуни на премиерата на филмот Baywatch имавме вистинско плажно доживување. Костими за капење, модни додатоци за на плажа,спасители, мини плажа, сладолед и секако летните ретро хитови на DJ Вук.

Прекрасна летна забава која за момент ни ги пренесе доживувањата од забавите за плажа.

Имавме можност да се запознаеме со колекцијата на костими за капење на италијанскиот бренд Yamamay. Колекцијата навистина изобилува со различни модели, дизајни и прекрасни материјали. Секоја жена и млада дама може да се пронајде во колекцијата и да го пронајде вистинскиот модел, дизајн и материјал за неа. Цветни мотиви, анимал принт, тексас дизајн, едноделни и дводелни модели. Италијанската летна модна и кај нас.

Yamamay секако се грижи за своите клиенти, па најсреќните ги награди со гратис влезници за премиерата на Baywatch и секако со подароци и попуст во продавниците на Yamamay.

Спасителите од „Мој Тренер” беа тука да ви помогнат да немате досадна фотографија, Dj Вук со неговиот сет ве прати на некоја од летните забави на плажа, а се надеваме дека сладоледите ве разладија малку, а подароците од Yamamay позитивно ве изненадија и разположија.

Ви се заблагодаруваме на сите вас кои учествувате во наградната игра на Yamamay за гратис влезници и што дојдовте заедно да се забавуваме на „плажата” во Cineplexx.

УСПЕШНИ ЖЕНИ: ИНТЕРВЈУ СО САЊА И СОЊА БОЖИНОВСКИ

УСПЕШНИ ЖЕНИ: ИНТЕРВЈУ СО САЊА И СОЊА БОЖИНОВСКИ

Carpisa: Патувај со стил ова лето

Carpisa: Патувај со стил ова лето