УСПЕШНИ ЖЕНИ: ИНТЕРВЈУ СО ЕЛЕНА И ЦЕЦЕ ОД „УТРИНСКА НА ТЕЛМА"

УСПЕШНИ ЖЕНИ: ИНТЕРВЈУ СО ЕЛЕНА И ЦЕЦЕ ОД „УТРИНСКА НА ТЕЛМА"

Секоја жена носи различна приказна во себе и во тие приказни сите имаат нешто заедничко. Тие се искрени, јасни, силни и истрајни. Стожер врз кој почива се и околу кој се се врти. Вечна инспирација и емоција.

Токму зошто жените се движечка сила во општеството ние решивме да одвоиме простор за да ви претставиме само еден дел од  #успешнитежени кај нас. Тие се мајки, сопруги, лекарки, професорки, менаџерки, а пред се столб на домот.

Овој пат ве запознаваме со две успешни, прекрасни и силни жени кои секој ден ви ги разубавуваат утрата на Телма. Интервјуто се совпадна совршено со нивната прослава по повод една година будење заедно со нивната „Утринска на Телма“. Цеце и Елена никогаш заедно пред камерите но, овој пат се заедно во нашиот блог пост. Две млади дами со успешна кариера зад нив, секогаш насмеани и ведри со инспиративен стил. Не една, туку две успешни жени во сите полиња на животот.

Погледнете како си поминавме во Утринска на Телма, дружејќи се со младите и успешни дами Елена и Цеце секогаш облечени во облечена во Motivi.

Елена Вишка

Елена вие сте едно од четирите заштитни лица на утринската емисија на Телма и секогаш морате да изгледате одморено и наспано. Која е вашата утринска рутина?

Морам да признаам дека на почетокот ме фаќаше страв од тоа дека треба многу порано да станувам од вообичаено, но сега се радувам на тие утра бидејќи денот го почнувате од неговото раѓање, па е некое посебно волшебно чувство. Се е навика. Така и се навикнав да станувам порано, а и воедно да се наспивам со помал број на часови. Мој утрински ритуал е секогаш без исклучок музиката. Не пијам ни кафе, туку веднаш пуштам музика. Каде и да мрднам, си ја носам музиката со мене. Тоа ми е храна за душа, си се подготвувам, си пеам, си џускам и се некако полесно оди :) 

ТВ водителка, мајка и сопруга, како успевате да го распределите времето помеѓу овие важни улоги. Дали на крајот на денот останува време за други активности?

Уживам во сите овие улоги. Со секоја на свој начин. Да се биде успешен значи успешно да ги менаџираш и своите лични пориви и оние на твоите најблиски. Посебно уживам во улогата на мајка. Тоа комплетно ме промени како личност. Научив да ги вреднувам нештата на начин сосема поинаков до пред да го имам мојот син Дион(4). Сфаќате дека тој ви е најважен. Сфаќате дека приоритетите се сосема поразлични. Но, во секој случај прекрасно чувство. Значи мојот успех го гледам во очите и гушките од мојот син. Го гледам во топлите и искрени прегратки и изговореното "Мама Те сакам". Кор верувајте има посебна тежина. Тогаш добивам сила за се...Така да пред се сум успешна мајка, па се друго. Време за него имам секогаш. Улогата пак на сопруга и тв водителка апсолутно лесно ми одат кога сте внатрешно задоволни и исполнети. Ретко кој оди на работа со ќеиф. Јас верувајте пеам и се радувам што ми започнува нов работен ден и предизвик, бидејќи стојам до фактот дека ако ја одберете работата што ја сакате, нема да работите ниту еден ден во животот. Инаку со добра организација има време за се. И да зготвам ручек, да отидам на пилатес и да уживам во воспитувањето и игрите со мојот син...

Кој е вашиот најголем успех? Кога гледате наназад, која е најважната лекција на која досега ве научил животот?

Можеби ќе се повторам, но за најголем успех го сметам раѓањето на најпрекрасното човече кое ме именува со мама. Лекции сум научила многу. Јас сум од оној тип на луѓе кои ако не почувствуваат на своја кожа, не веруваат на другите. Од друга страна за јака страна ја рачунам и мојата интуиција која ретко ме вози во погрешна насока. Научив да сакам, без да барам за возврат. Научив да љубам безусловно и единствено. Научив да верувам во своите квалитети. Научив да бидам своја. Да бидам бунтовник и да се борам за вистината и правдата за кое и поле да станува збор. 

Како го дефинирате Вашиот стил? 

Мојот стил е невиден микс. Од кежуал, до спортска елеганција. Не сакам уштиглен и премногу нападен стил. Сакам ем типско ем елегантно.

Цеце Трајковска

Веќе долго време сте дел од Телма телевизија? Какво искуство е за вас Утринската на Телма? Како е да си водител на утринска, кои се предностите и недостатоците на тоа?

За мене „Утринска на Телма“ е најубавиот проект на кој сум работела до сега. Иако воопшто не е лесно секојдневно да се реализира емисија од 4 часа со многу, многу гости и различни теми, сепак не би можела да се пожалам бидејќи многу си ја сакам работата и уживам секојдневно и пред и зад камерите кога се прават сценарија и се договараат гости. Буквално уживам во позитивниот хаос кој се случува многу често. Има безброј предности оваа професија, но сметам дека најголемата придобивка лично за мене е проширениот круг на пријатели, познаници и соработници. Секогаш сум велела дека контактите во животот се многу важни, никогаш не знаеш што носи денот и кој се би ти излегол во пресрет.

Која е најважната порака што сакате да им ја пренесете на гледачите? Што најмногу го задржува вниманието на гледачите?

Мислам дека многу брзо публиката ја препозна нашата мисија, а таа е да шириме позитивна енергија и љубов во етерот. Брзото темпо на живеење си го направи своето, луѓето наоѓаат изговори дека немаат време за себе, а не па за пријателите. За жал заборавивме како е да седиш со некој и да разговараш со часови, се изгубија вистинските вредности, во Македонија жалосно, но се се сведува на политика... околу нас има тажни ликови... на сите ни треба убаво започнат ден, па затоа ние се трудиме да понудиме токму такви утра и луѓето барем на момент да ја почувствуваат убавата страна на животот.

Имате успешна водителска кариера, на што најмногу го препишувате вашиот успех?

На себе се разбира. Денес успехот е релативна работа, денес те има - утре те нема. Среќна сум што еве речиси 10 години сум во новинарските води, секој нареден проект ми е подобар од претходниот, работам чесно, не зависам од никој. Создавам нешто што публиката го сака, а тоа нешто е сработено со многу љубов и искреност. Имам уште многу пред мене, верувам дека успешно ќе се надградувам.

Секогаш изгледате прекрасно и одморено. Која е вашата формула за совршен изглед? Како би го дефинирале вашиот моден стил?

Ви благодарам на комплиментите, но далеку од тоа дека имам совршен изглед. Верувам и дека не постои формула која сите би не направила совршени. За мене среќни и насмеани луѓе се убави луѓе. Нема поубав моден додаток од искрена насмевка. Инаку, уживам кога сум во парчињата на Мотиви за време на емисиите, но кога не сум на работа сакам да сум полежерно облечена. Патики или ниски чевли со интересни фармерки, кошула или маичка + палто или сако за мене се секогаш добредојдена комбинација.

Фотографии: Елена Фиданска

Облека: Motivi

Yamamay во соработка со Дарко Мораитов

Yamamay во соработка со Дарко Мораитов

Cool Days во Max&Co

Cool Days во Max&Co