Предлози од нашите брендови за свечени прилики

Предлози од нашите брендови за свечени прилики

 

Сите ги чекавме со нетрпение овие убави денови, многу продолжени викедни, патувања и секако периодот на матури, полуматури, свадби и свршувачки. Месеци на убави случувања и секако месеци кои на сите ни создаваат проблеми околу изборот на свечени комбинации.Со нетрпение ги очекуваме овие прослави и свадбите на нашите најблиски но, секако со нивното наближување, наближува и вечното прашање- што да се облече?

Нашите брендови имаат парчиња за сечиј стил, вкус и форма на тело. Ние решивме да ви предложиме само неколку вечерни комбинации во кои ќе се чувствувате прекрасно и истовремено удобно.

Веќе знаеме дека најголем тренд и оваа сезона е чипката и бежовите нијанси. Нежно и романтично, макси чипкан фустан кој можете да го искомбинирате со нешто гламурозно и сосема неочекувано. Сребрени балетанки и иста таква чантичка. Верувајте ќе се чувтвувате како вистинска принцеза на забавата.

Комбинација LiuJo

Комбинација LiuJo

Повторно нашата омилена нијанса не зелено. Кралската смарагдна зелена. Вистински гламур во комбинација со одмерен сексипил. Одлично се комбинира со секоја боја но, ние се решивме за мала црна чантичка која можете да ја држите во дланка и црни сандали.

Комбинација LiuJo

Комбинација LiuJo

Нежна бежова розева со малку светки. Вистински избор ако сте биле на продолжен викенд и сте фатиле и малку боја. Нежен фустан кој паѓа долж вашето тело. Вистински отмен избор за секоја дама кој многу лесно се комбинира и е одличен за секоја прилика.

Комбинација Pennyblack

Комбинација Pennyblack

Кога помислуваме на свеченост секогаш помислуваме на фустан. Зошто да не е нашиот избор нешто друго. Целосни тегет панталони искомбинирани со розев колан и правилен накит изгледа подобро и пошик од било кој макси фустан. Одличен избор кој сигурно ќе ве оддели од толпата.

Свечен фустан не мора секогаш да не асоцира на макси долг фустан. Нежен и лесен фустан чија боја навистина никого нема да остави рамнодушен. Самата боја и прекрасен материјал навистина го збогатуваат моделот и немате никаква потреба од масивен и впечатлив накит.

Комбинација Pennyblack

Комбинација Pennyblack

Кратко, романтично фустанче во силна плава боја. Свечено, а удобно и лесно за комбинирање со сандали и салонки. Слоевито, лелеаво, креација со волумен која можете да ја носите и за вечерните и денските свечени забави.

Комбинација Oltre

Комбинација Oltre

 
Предлози за матурските вечери- прв дел

Предлози за матурските вечери- прв дел

СПОРТСКИ КОМБИНАЦИИ ОД НАШИТЕ БРЕНДОВИ- втор дел

СПОРТСКИ КОМБИНАЦИИ ОД НАШИТЕ БРЕНДОВИ- втор дел