СПОРТСКИ КОМБИНАЦИИ ОД НАШИТЕ БРЕНДОВИ- втор дел

СПОРТСКИ КОМБИНАЦИИ ОД НАШИТЕ БРЕНДОВИ- втор дел

Продолжуваме со предлози на спортски комбинации од нашите брендови. Веќе знаеме дека трендови има многу и постојано се менуваат. Но, удобноста никогаш не излегува од мода. Па, затоа во вашиот орман морате да поседувате парчиња кои ќе ви дозволат секоја комбинација да изгледа кежуал и спортски.

Знаеме дека најголем тренд во моментов се спортските шик варијанти, со парчиња облека за џогирање или вежбање, прилагодени во секодјневниот стил, под влијание на модатаод 80тите. Еднобојни комплети, хеланки или панталони со ластик, работнички комбилизони, панталони за џогирање, блузони или интересни памучни маички.

Комбинација Max&Co

Комбинација Max&Co

Патиките се секогаш задолжително парче кое може да ја претвори секоја комбинација од елегантна во кежуал. Елечето секогаш е варијанта која е удобна, топла и не враќа на моментите кои ги поминуваме на планина со пријателите. Ако сте расположени за патување заради продолжените викенди кои не очекуваат тогаш шеширот навистина ќе ја разубави секоја модна комбинација и ќе направи да се чувтвувате посебно.

Комбинација Paul&Shark

Комбинација Paul&Shark

Убавите сончеви денови и топлото време бара некое лесно и удобно парче. Ништо не е подобра варијанта од ленена кошула и балетанки.

Комбинација Weekend Max Mara

Комбинација Weekend Max Mara

Искористете ги парчињата од нашите брендови да се чувствувате удобно и лежерно, а да изгледате спортски и модерно. 

Комбинација Weekend Max Mara

Комбинација Weekend Max Mara

Комбинација Weekend Max Mara

Комбинација Weekend Max Mara

Предлози од нашите брендови за свечени прилики

Предлози од нашите брендови за свечени прилики

Спортски комбинации од нашите брендови- прв дел

Спортски комбинации од нашите брендови- прв дел