Предлози за матурските вечери- прв дел

Предлози за матурските вечери- прв дел

Ова се месеците на матурските трески, па сигурно веќе сте во потрага на совршената комбинација за вашата вечер. Сигурно сакате оваа вечер да блеснете во најдобро светло па, сте опседнати со совршената шминка, фризура, модел и обувки за вашата вечер.

Било да прославувате матура, полуматура, апсолвентска или едноставно си барате свечен фустан за вечерните забави ние ви предлагаме различни комбинации за вашата посебна вечер.

Овој пат решивме да помешаме доза на елеганција и префинетост со многу тренди парчиња од оваа сезона.  

Погледнете го првиот дел од комбинациите кои ви ги предлагаме низ фотографии, сигурно ќе го препознаете токму вашиот стил.

Доза на гламур

Ништо не асоцира на гламур како светките и металик нијанси. Фустан кој е составен од сребрено светкаво здолниште во комбинација со црн корсет ќе направи да се чувствувате шик и впечатливо. Можете да го искомбинирате со штикли или ниски балетанки во сива или црна боја.

Фустан- Tally Weijl, Штикли- Motivi, Чанта- Tally Weijl

Фустан- Tally Weijl, Штикли- Motivi, Чанта- Tally Weijl


Впечатлив фустан

Фустаните се најчест избор на девојките на секаков тип на свечености. Фустанот со различна должина сигурно ќе ве издвои од толпата. Наш предлог е фустан во мастило сина нијанса во комбинација со елегантен колан и бајкерска јакна. Вистински погодок за сите млади дами кои сакаат да облечат навистина поразличен фустан.

Фустан- Motivi, Јакна- Motivi, Чанта- Carpisa

Фустан- Motivi, Јакна- Motivi, Чанта- Carpisa

Тантела

Секогаш тантелните парчиња не асоцираат на свечена вечера, нешто елегантно и несекојдневно. Овој пат чипканото блузиче со карнери на ракавите ние решивме да го искомбинираме со куси панталони место здолниште. Секогаш е убаво во комбинацијата да се вметне мал момент на изненадување, токму тоа го прави оваа бежово розева чантичка. 

Комбинација- Tally Weijl

Комбинација- Tally Weijl

Бежови нијанси

За девојките кои преферираат нежен и романтичен изглед. Нежно бледо розово фустанче кое ќе направи да се чувствувате како принцеза. Секогаш овие нијанси можете да ги искомбинирате со други нежни тонови или со црна боја. Оваа елегантна чантичка од Carpisa е вистинското доплнување на ваквата нежна и романтична комбинација.

Фустан- Motivi, Штикли- Motivi, Чанта- Motivi

Фустан- Motivi, Штикли- Motivi, Чанта- Motivi

Мрежа

Мрежаста блуза со цветни парчиња не открива премногу, а сепак е тренди и шик. Може да се искомбинира со розево металик здолниште со миди должина за впечатокот да биде поголем. Мораме да признаеме дека оваа комбинација изгледа многу подобро кога ќе додадете мала чрна чантичка и пролетна бајкерска јакна.

Булза- Tally Weijl, Јакна- Motivi, Здолниште- Tally Weijl, Чанта- Carpisa

Булза- Tally Weijl, Јакна- Motivi, Здолниште- Tally Weijl, Чанта- Carpisa

Предлози за матурските вечер- втор дел

Предлози за матурските вечер- втор дел

Предлози од нашите брендови за свечени прилики

Предлози од нашите брендови за свечени прилики