5 модели на чанти кои ќе доминираат оваа есен!

5 модели на чанти кои ќе доминираат оваа есен!

Чантите се омилен моден додаток на многу дами, наша слаба точка но и вистинска инвестиција. Зошто? Затоа што ништо не може да надополни една модна комбинација како уникатна, стилска чанта. Земете една секојдневна комбинација со фустан, палто и чизми. Ако ја надополните со голема tote чанта, целата комбинација веднаш има casual мотив. Ако ја надополните со мала чанта во впечатлива боја, подготвени сте за излегување!

Ајде да дознаеме кои модели на чанти доминираат оваа модна сезона и во кои модни додатоци вреди да инвестирате:


Pochette чанти

Оваа година заедно со многу трендови од 2000-тите т.н. Y2К, ни се вратија омилените мали чанти. Овој тренд ни побудува многу носталгија за времето кога многу девојки ги претворија своите Luis Vuiton несесери во овој облик во мали стилски чантички. Од тогаш светот никогаш не беше ист. Оваа сезона повторно гледаме чанти во овој облик, збогатени со нови материјали како Neoprene (материјал кој се користи за нуркачки одела) како и различни видови на кожа и канвас.

Ова се нашите фаворити од италијанските брендови Marella, Patrizia Pepe и Liu Jo:


Чанти со кружен израз

Од сите модни парчиња, чантите секогаш дозволуваат најмногу креативност во однос на нивната форма, големина и други елементи. Оваа сезона гледаме многу уникатни чанти со кружен или елиптичен изглед како месечина или полумесечна, во елипсовидна форма или форма на ченгелче, па дури и во форма на тег. Овие чанти се вистински магнет за внимание а во исто време практични затоа што собираат доста работи и се прилагодливи за различни пригоди.

Погледнете ги нашите фаворити од Liu Jo, Patrizia Pepe и Marella:


Чанти со крзно

Крзното секогаш не потсетува на ладното време како есенцијален моден детаљ за секоја гламурозна дама. Оваа сезона особено впечатливи се чантите целосно покрини со крзно (се разбира, веганско) кои побудуваат чувство на топло ќебенце покрај каминот и прегратка од саканите. Колку неодоливо…

Нашите фаворити за оваа сезона во различни големини и стилови од Liu Jo и Pinko:


Hobo чанти

Уште еден многу интересен тренд за оваа модна сезона (а воедно и доста практичен) се hobo чантите. Карактеристични по својот екстремно релаксиран изглед и недостаток на структура, но изработени од луксузна кожа која сјае и ја истакнува нивната релаксираност, овие чанти се во перфектен баланс помеѓу slouchy и glamurous.

Оваа сезона Patrizia Pepe ни претстави неколку токму вакви неодоливи чанти во две различни големини:


Микро чантички

Да, микро чантите се сè уште ин и за тоа никој не се лути. Овие слатки мали задоволства се неодолив акцент на секоја есенска комбинација особено кога се во впечатлива боја. Надополнете ги вашите монохроматски (или мултихроматски) комбинации со слатка мала чантичка и уживајте во комплименти од сите страни за вашата чанта но и за вашиот целосен изглед.

Ова се нашите омилени слатки мали чанти од Liu Jo и Weekend Max Mara:


Ах… чанти. Нашите омилени практични аксесоари. Без разлика која е вашата омилена форма, боја, облик или стил, секогаш има нова, интересна варијација која ќе ви го освои срцето. Погледнете повеќе на magnetik.mk/чанти и збогатете ја вашата колекција со нова неодолива стилска чанта за која сите ќе ви завидуваат!

Туна во Twinset Mood - 4 есенски комбинации од новата колекција!

Туна во Twinset Mood - 4 есенски комбинации од новата колекција!

LIU JO моден настан

LIU JO моден настан