Ново во Yamamay: Елеганција и сензуалност за секоја жена

Ново во Yamamay: Елеганција и сензуалност за секоја жена

“После цвеќињата, жените се најубавото нешто кое господ го создал на земјатa.” - Кристијан Диор

Секоја жена заслужува да биде сакана и вреднувана. Но пред се, ние жените таа љубов треба да ја покажеме кон себе. Во овој брз свет, лесно е да заборавиме на себе, но на крајот на секој ден, тоа што е најважно е како ние се чувствуваме.

Yamamay ги разбира жените, и сака да се чувствуваат како божиците кои што се: моќно и самоуверено. Затоа, одлучивме да споделиме што нудат новите колекции на овој италијански бренд, кој се грижи сите жени да се пронајдат себе во нивните модели.


68949195_429820024314550_8405198230303801344_n.jpg

Обвијте се во задоволство со овој дводелен сет во сензуална нијанса на сиво и детали со тантела. Вашата моќ е во нежната женственост која треба да ја чувствувате во секоја ситуација. Тоа е стандардот кој го поставува Yamamay за сите жени.

71516224_429819960981223_1360973955262840832_n.jpg

Долната облека е како ваша втора кожа, и треба да се чувствувате како да е направена само за вас. Овој дводелен сет е направен од нежен материјал и удобен крој, и ќе ви ја даде потребната доза слободата и комфор во секое ваше движење.

tight slimmer.jpg

Понекогаш се што е потребно за да се чувствуваме свои, е нешто невидливо кое ќе ги комплементира нашите облини. Самодовербата е вашата најубавата карактеристика, и овој tight slimer со неговиот прекрасен дизајн ќе биде комплиментот за кој знаете само вие.

71049752_429824007647485_1927753103956770816_n.jpg

Вистинските дами никогаш не ја соблекуваат својата елеганција. Затоа овој сет со прекрасен дизајн е точно тоа што ви е потребно за да се релаксирате со стил после напорниот ден.

71578791_429822817647604_2831256245548089344_n.jpg

Нашето омилено време во денот е времето кога конечно може да ги оставиме сите обврски, и да му се препуштиме на мекиот кревет. Уживајте во пријатен и удобен сон со овие меки и удобни пижами од Yamamay.

70780991_429820300981189_5809752233520136192_n.jpg

Овој прекрасен комплет е доказ дека помалку, е дефинитивно повеќе. За слатки соништа и убави утра, чувствувајте се слободно и уживајте во секој миг од вашиот beauty sleep.

За да го видите целиот асортиман и да ја почувствувате сензуалноста на своја кожа, посетете ги продажните салони на Yamamay во Ramstore и Skopje City Mall.

Фармерки кои мора да ги имате во вашиот плакар оваа сезона!

Фармерки кои мора да ги имате во вашиот плакар оваа сезона!

Што носат познатите личности во есен?

Што носат познатите личности во есен?