Есен cо стил: Јакни, капути и наметки кои сакате да бидат ваши!

Есен cо стил: Јакни, капути и наметки кои сакате да бидат ваши!

Сите имаме една причина за да се радуваме за тоа што паѓаат температурите. Време е за слоеви! Џемпери, елеци, шалови, и јаготката на шлагот: јакни, капути и наметки. 

Ништо не кажува повеќе за вашиот стил од вашата јакна. А брендот на кој секогаш може да му верувате за вашиот избор на јакни е Weekend Max Mara. Бидете стилска икона оваа есен, со следниве четири стилови кои ги избравме од овој познат италијански бренд.

70010416_3729671343724977_3626453599139435668_n (1).jpg

Шармантниот карираниот капут е секогаш ин, и со добра причина: тој е вистински симбол за софистициран и елегантен стил. Добро е да знаете дека го имате во вашиот плакар, затоа што секогаш може да се потпрете на ова безвременско парче, да го комплетира вашиот изглед. Може да го облечете над сите есенски и зимски комбинации, и најважно од се, да останете топли и насмеани додека го носите.

5.jpeg

За полежерен и релаксиран изглед, овој модерниот капут е точно тоа што ви е потребно. Со дизајнот на сини квадратчиња, во комбинација со кафените детали на предниот дел, овој капут дава чувство на комфор, но и модерна префинетост во исто време.

70221103_2583113388414474_4724840502612767571_n.jpg
3.jpeg

За сите потопли есенски моменти, оваа наметка ќе биде вашиот омилен додаток. Со кожните детали кои ги истакнуваат сите рабови и елементи, таа ќе и даде посебен шарм на секоја ваша есенска комбинација. Покрај тоа што изгледа прекрасно, прави идеална комбинација со вашите омилени црни кожни чизми.

70425453_511314846311190_7035051718123197699_n.jpg
4.jpeg

И за крај, јакната која ќе ве заштити и на најладните денови: оваа темно-маслинеста јакна која се трансформира според вашите потреби. Уште едно есенцијално парче за гардероберот на секоја жена, кое со својата уникатна силуета прекрасно изгледа на женското тело. 

6.jpeg
max mara jakna.jpg

Познат по долгата историја на квалитетни материјали, безвременски дизајни и супериорна изработка, Weekend Max Mara никогаш нема да ве изневери. Погледнете ги сите јакни, наметки и капути од новата сезона есен-зима 2019-20 во продажниот салон на Weekend Max Mara во Ramstore Mall и Magnetik Galery во Skopje City Mall.

Oltre и Fiorella Rubino: 8 топли комбинации за сечиј стил

Oltre и Fiorella Rubino: 8 топли комбинации за сечиј стил

Фармерки кои мора да ги имате во вашиот плакар оваа сезона!

Фармерки кои мора да ги имате во вашиот плакар оваа сезона!