Carpisa GO куфери за вашата следна летна авантура!

Carpisa GO куфери за вашата следна летна авантура!

Ајде да зборуваме за куфери!

Време е за вашата следна летна авантура. Без разлика на тоа каде одите и како ќе патувате, ќе треба во нешто да се спакувате. Изборот на куфери е голем па затоа сакаме да ви помогнеме да го направите правилниот. Дали за вас е повеќе куфер со цврста школка? Или можеби мек куфер? Можеби се плашите дека цврстата школката ќе се скрши и затоа ги одбегнувате. Но има разлика помеѓу куфер и куфер. Денес ќе ве запознаеме со неколку куфери кои без никакво сомнение ќе го променат начинот на кој патувате. И да, тоа се куферите на Carpisa GO.

Куферот не е само средство за транспорт, тој е ваша стилска екстензија која може да ви го олесни (или отежни) патувањето. Но тоа не значи дека за еден добро дизајниран, високо квалитетен и попатно, естетстки убав куфер треба да потрошите цело богатство. Куферите на Carpisa GO го нудат комплетниот пакет - квалитет, издржливост, естетика и гаранција.

Затоа што изборот е голем, ги избравме најпопуларните линии од актуелната колекција. Запознајте се со нивните карактеристики и направете го вистинскиот избор според вашите потреби.


Go Tech

Најпознатата линија на Carpisa GO, Go Tech е и најчестиот, или “go-to” избор на сите купувачи. Покрај впечатливите бои во кои е достапен, овој модел е исклучително квалитетен и издржлив. Направен од 30% рециклирани материјали и 70% поликарбонат (флексибилен, лесен материјал кој не се гребе), ултра тивки тркалца кои лесно се менуваат (секој куфер доаѓа со 2 резервни тркалца) и YKK патент - светски лидер во додатоци за закопчување, овој куфер е особено издржлив и направен за вистински патувачи.

Покрај тоа, овој модел доаѓа со 10-годишна гаранција на школката, и 2-годишна гаранција на рачката!

Моделот е достапен во 3 стандардни големини и 5 бои (портокалова, тиркизно сина, циклама розева, црна и темно сива) во продажните салони на Carpisa (Skopje City Mall, Ramstore Mall, East Gate Mall и Capitol Mall) и онлајн на magnetik.mk/carpisa.

Погледни повеќе бои и модели на magnetik.mk/carpisa


Дали знаевте дека…
За сите модели на куфери, Carpisa нуди 1 година гаранција. Во случај авиoнската компанија да го изгуби вашиот куфер - Carpisa ви ги враќа парите за куферот!


Aquastop

Новата екстензија на Go Тech линијата, Aquastop се карактеризира со водоотпорност. Новата технологија на Aquastop нуди особена заштита дури и на силен дожд или други водни незгоди за да немате никаква грижа за вашите предмети и уреди. Материјалот е Go Tech anti-scratch и тркалцата се ултра тивки и се заменуваат.

Овој модел исто така има телескопски систем против осцилација, патентиран во центарот за истражување на Carpisa. Како и другите Go Tech куфери, и Aquastop има 10 годишна гаранција на школката и 2 годишна гаранција на рачката.

Aquatech куферите се достапни во 3 стандардни големини и една боја (небесно сина со жолти акценти). Погледнете ги во продажните салони на Carpisa (Skopje City Mall, Ramstore Mall, East Gate Mall и Capitol Mall) и онлајн на magnetik.mk/carpisa.

Погледни повеќе бои и модели на magnetik.mk/carpisa


Jeep x Carpisa GO

Jeep е познат како бренд кој ги подржува авантуристите во сите нивни подвиви. Како вистински пријател во патувањето, брендот се фокусира на функционален дизајн, и нивната најнова соработка со Carpisa GO не е исклучок.

Куферите од линијата Jeep x Carpisa GO се карактеризираат со современ дизајн и впечатлив црвен патент, и се направени од материјал отпорен на гребење. Тракала се Honomoto - ултра тивки и издржливи тркала со јапонска технологија. Овој модел исто така има TSA вградена брава со шифра за уште поголема безбедност при патување.

Моделот е достапен во 3 стандардни големини и 3 бои (црна, маслинесто зелена и светло сива). Погледнете ги во продажните салони на Carpisa (Skopje City Mall, Ramstore Mall, East Gate Mall и Capitol Mall) и онлајн на magnetik.mk/carpisa.

Погледни повеќе бои и модели на magnetik.mk/carpisa


Jeep x Carpisa GO - Меки куфери

Покрај тврдите куфери, Carpisa има линии и на квалитетни, ултра лесни текстилни куфери за сите ваши потреби, како оваа колекција на Jeep x Carpisa GO.

Овој модел е направен од водоотпорен полиестер со голема издржливост. Дизајниран за искусни патувачи, се карактеризира со спортски дизајн и е оптимизиран на голема флексибилност во капацитетот, благодарение на длабоките џебови и екстензивна внатрешна организација. Моделот се карактеризира со 2 внатрешни тркалца и акценти во впечатлива портокалова боја на патентите и предниот дел.

Овој модел е достапен во 2 стандардни големини и 3 бои (црна, маслинесто зелена и светло сива). Погледнете ги во продажните салони на Carpisa (Skopje City Mall, Ramstore Mall, East Gate Mall и Capitol Mall) и онлајн на magnetik.mk/carpisa.

Погледни повеќе бои и модели на magnetik.mk/carpisa


Jeremy Scott x Carpisa GO

За они кои сакаат да патуваат со стил, Carpisa оваа сезона приреди вистинско модно изненадување. Во соработка со американскиот дизајнер Jeremy Scott - креативен директор на Moschino и често нарекуван најголемиот бунтовник на модната сцена, Carpisa ја создаде капсулната колекција која е подеднакво впечатлива и храбра како и другите дизајни на Jeremy. Во неа покрај многу чанти, ранци и додатоци со препознатливи принтови кои дизајнерот ги оживеа од неговите колекции во 2003, вклучен е и уникатниот Go Tech модел на куфер со принт со авиончиња.

Овој неодолив модел се карактеризира со впечатлива небесно сина боја и сјаен финиш, утра отпорен на елементите и изработен од 70% рециклирани материјали. Куферот има ултра-тивки тркалца кои се заменуваат и TSA брава со шифра за безбедно патување.

Достапен во 3 стандардни големини и една боја (сина со графички принт со разнобојни авиони). Погледнете ги во продажните салони на Carpisa (Skopje City Mall, Ramstore Mall, East Gate Mall и Capitol Mall) и онлајн на magnetik.mk/carpisa.


Ова се само дел широкиот асортиман на Carpisa GO куфери. Погледнете повеќе на magnetik.mk/carpisa или посетете ги нашите продажни салони на Carpisa во Skopje City Mall, Ramstore Mall, East Gate Mall и Capitol Mall, каде нашите продажни агенти ќе ви помогнат да гo направите вистинскиот избор.

До -50% на летната колекција на Yamamay!

До -50% на летната колекција на Yamamay!

Елеганција и свежина во најновата колекција на Pasticcino чанти од Weekend Max Mara

Елеганција и свежина во најновата колекција на Pasticcino чанти од Weekend Max Mara