3 гламурозни летни дестинации, и што да понесете со Вас

3 гламурозни летни дестинации, и што да понесете со Вас

Средината на летото е конечно тука, што може да значи само едно нешто: дојде време за вашиот совршен одмор! Без разлика дали вашата дестинација е егзотична плажа или осамен залив, ние ги правивме работите лесни благодарение на нашиот ексклузивен стилски туристички водич кој ќе ви помогне како да го уживате вашиот долго заслужен одмор во одбрано друштво, префинети дестинации и одличен моден стајлинг прилагоден според летните дестинации Јужна Америка, Коста Дел Сол и крстарење на брод по Хрватска обала.

1. СЛАТКО БЕГСТВО- КОСТА ДЕЛ СОЛ (ШПАНИЈА)

За вашето бегство од соништата не гледаме подалеку од бескрајните сини пејсажи во Коста Дел Сол. Оваа дестинација иако е позната по својата неверојатна протега од море, ситен песок и секогаш загарантирано сонце, сепак, има и нешто многу повеќем како магијата и луксузот кои што јужниот брег на Шпанија ги нуди на своите туристи.

Патувањето е подготвено, но дали сте подготвени и вие со списокот на модни есенцијали? Прочитајте повеќе, и дознајте што е потребно да понесете со вас за Шпаската авантура.

CARPISA

CARPISA

Актуелен тренд за оваа дестинација:  Бохо стил

Посетата на Коста дел Сол значи софистицираност во вистинска смисла на зборот. Луксузните наметки, високите сандали и перфектната шминка не се резервирани само за ноќните прошетки, туку и за дневните. Доколку плажата е вашата главна инспирација, чувствувајте се слободни да ги избегнете високите сандали, но бидете сигурни дека правите тоа со стил и во целосен гламур.  

MARELLA

MARELLA

Температурните денски жештини се секојдневие за прекрасната Шпанија. Но благодарение на благотворната медитеранска клима, вечерните часови се свежи и ветровити. Затоа, топло ви препорачуваме да спакувате лесни и лелеави парчиња, изработени од материјали кој не потат, и лесно абсорбираат влага – како свила, лен, памук, високоза... Макси фустаните и незаменливите еспадрили се одличен моден погодок и за дневните и за вечерните прошетки. 

MARELLA

MARELLA

PENNYBLACK

PENNYBLACK

PENNYBLACK

PENNYBLACK

MARELLA

MARELLA

 

2. БЕГСТВО ВО МОРСКИОТ СВЕТ – КРСТАРЕЊЕ СО БРОД ПО ХРВАТСКА ОБАЛА

Не е тајна дека крстарењето по хрватските Дубровник, Сплит и Хвар е една од најомилените летни дестинации на високата класа ширум светот. Секако, постои и причина зошто е тоа така. Замислете се себе си на отворена палуба, лежејќи на бело-сини сепариња во риги, додека бескрајниот морски пејсаж, Хрватската романтична архитектура и омилениот пијалак покрај вас максимално ве опуштаат. Што би понеле во вашата торба? Мобилен? Заштитен крем за сонце? Костим за капење? Или исклучиво позитивни друштвени вибрации?  

Откако ги имаме на ум основните есенцијали без кои крстарењето не би било целосно,  се префрламе на вашиот моден стајлинг кој има таква магија да направи да се чувствувате удобно, пријатно и свои во сопствената кожа.

Актуелен тренд за ова патувањеРиги и само риги!

Бидејќи овој тренд стана омилена летна морнарска униформа за многу модерни жени кој се одлучуваат за крстарење, една од нашите најважни летни стилски мисии за 2016 година е да ви покажеме како да изгледаате луксузно и одважно во овој тренд,  без да го  изгубите чувството на релаксираност и слобода при секој ваш чекор.

MAX&Co.

MAX&Co.

Бидејќи патувањето со брод понекогаш знае да биде доста ветровито, ви препорачуваме да понесете летна наметка.

PAUL&SHARK

PAUL&SHARK

 

Дозволете бело-сината магија да ве понесе. Спакувајте ги омилените очила за сонце, неколку пара бели ленени кошули, панталони во риги, летна торба во риги,  како и костим за капење и летни кафтани – во риги и дизајнерски графички дизајни повторно во доминација на белата, сината, црвената и портокаловата боја. 

MAX&Co.

MAX&Co.

PAUL&SHARK

PAUL&SHARK

PAUL&SHARK

PAUL&SHARK

 

3. ЕГЗОТИЧНО БЕГСТВО ВО ЈУЖНА АМЕРИКА 

Со најголема река во светот, најдолгиот планински венец, најголемиот активен вулкан и највисокиот водопад во светот, сосема искрено, понекогаш може да изгледа дека патувањето до Јужна Америка е ништо повеќе од само фалење. Но, мора да признаме, Јужно американските патувања имаат една таква живост и авантуризам во нив, благодарение на туристичките тури низ еротските дождовни шуми, морничава пустини, ски патеките, тропските плажи, главните градови во евроспски стил и локалните села.

Доколку престојувате во области кои припаѓаат на црна листа, избегнувајте откривање на облека и многу кратки шорцеви, како и скап накит кој привлекува внимание.  

WEEKEND MAX MARA

WEEKEND MAX MARA

Актуелен тренд совршен за оваа дестинација: ЕТРО СТИЛ И ЕГЗОТИЧНИ ПРИНТОВИ

Етро стилот е карактеристичен по традиционалните везови и спектруомот од бои кој може да се забележи на едно парче облека поединечно. Многумина го споредуваат со бохо стилот, но постои суштинска разлика која ги одделува овие два, навидум слични модни стилови. Етро стилот има високо ниво на специфичност, најмногу заради народните мотиви кој ја доловуваат сличноста со народните носии на народите поединечно

PENNYBLACK

PENNYBLACK

WEEKEND MAX MARA

WEEKEND MAX MARA

Затоа што актуелната влажна зелена сезоназапочнува во Август, ви препорачуваме да земете лесна гардероба во неколку бои и стилови Лелеавите етро фустани и сукњи се совршен избор за оваа дестинација. 

Доколку сакате да го доловите духот на традиционализмот кој владее во локалните јужно-американски села, одлучете се за цветни еспадрили, шешир, и ташна во етро принт. Што и да одберете, со сигурност нема да погрешите. И секако, за тропските дестинации не ги изоставувајте тропските принтови, и уживајте во патувањето!

WEEKEND MAXMARA

WEEKEND MAXMARA

MAX&Co.

MAX&Co.

WEEKEND MAX MARA

WEEKEND MAX MARA

MAX&Co.

MAX&Co.

4  клучни трендови кај модните додатоци

4 клучни трендови кај модните додатоци

Како да носите макси фустан како Оливиа Палермо

Како да носите макси фустан како Оливиа Палермо