Трендот Сафари и како да го комбинирате со раководителката на Pennyblack Скопје

Трендот Сафари и како да го комбинирате со раководителката на Pennyblack Скопје

Оваа модна сезона се вратија на сцена повеќе модни трендови кои биле актуелни во минатото. Најверојатно највпечатлив меѓу нив е сафари стилот кој претставува уникатна комбинација на минималистички кремави парчиња и храбри мотиви на флора и фауна од тропските предели. За тоа што претставува овој стил во современиот моден контекст, и како да го комбинираме и прилагодиме за различни прилики ќе зборуваме со раководителката на Pennyblack Скопје, Ана Бероска.

Кажи ни повеќе за себе и за твојата приказна во Pennyblack Скопје. Која е Aна и колку време си дел од Pennyblack семејството?

Јас сум од тимот на Pennyblack од самиот почеток, работејќи првично како продажен асистент, за набрзо да добијам можност да бидам и управител на продажниот салон. Ја прифатив можноста бидејќи пред се верувам во себе и своите способности, но имам и вистинска пасија и желба вештините да ги вклопам на работното место. Водилки низ решавањето на секој предизвик ми се позитивната мисла и енергија, трпеливост и толерантност, и секако љубовта кон модата и нашите купувачи.

Оваа сезона Pennyblack ни претстави многу уникатна колекција која сепак е во чекор со трендовите. Кои стилови би ги издвоила од новата колекција пролет-лето 2021?

Колекцијата Пролет Лето 2021 на Pennyblack не ги остави нашите посетители рамнодушни. Постојано споделуваат позитивни коментари од моменталните впечатоци за колекцијата и стиловите кои се застапени. Би ги издвоила сафари стилот на Mix&Match со животинските принтови кој кај нас е застапен и со модели со урбан стил (таканаречен Metropolitan Safari) и неизбежниот Colonial Marine - морнарски стил. Меѓу другите, застапени се и трендовите како волуменозни ракави и раменици таканаречени Power Shoulders, како и Bell Sleeve плетенините со ракав во ѕвонест израз, потоа панталоните со затворен израз кај глуждот, мрежасти ткаенини, транспарентни парчиња, брокатни луксузни ткаенини застапени на женските одела, пастелни бои и нијанси, цветни дезени и спортската елеганција.

Кажи ни малку повеќе за сафари трендот. Што опфаќа и означува?

Сафари стилот е инспириран од кремастите практични парчиња облека кои ги носат истражувачите во Африка, и нивното комбинирање со парчиња со тропски и животински принтови. Во високата мода стилот се карактеризира со преточување на овие практични парчиња во нови силуети богати со многу џебови, преувеличени детали и други карактеристики кои асоцираат на оригиналните парчиња од кои црпат инспирација. Комбинирањето на нивните смирувачки, природни тонови со тропските и животински принтови, покрај тоа што им дозволува на тие парчиња да дојдат до израз, исто така ја комплетира сликата и чувството за вистинска сафари авантура во саваната или џунглата.

Овие две комбинации се одличен пример како изгледа сафари трендот во урбан и модерен контекс.

IMG_1323.jpeg

Кажи ни повеќе за стилот и парчињата во овие две комбинации.

Комбинацијата од лево ја отсликуваат нашата желба, сега највеќе од било кога, да сме во хармонија со природниот свет. Започнуваме со маичка во жирафа принт изработена од мека вискоза со разигран карнер на ракавот, во комбинација со модел на елек кој може да се носи и како наметка или фустан, и панталони со истиот принт на вертикални линии, во пастелни песочни тонови (слонова коска) изработени од вискоза и полиестер бленд.

Комбинацијата од десно започнува со фустан во крој типичен за Max Mara брендовите, во природна ленена нијанса, миди должина и големи копчиња поткрепен со нефиксирана памучна постава и 3/4 ракав во благ ѕвонест пад. Покрај како фустан, поволен е да се носи и како наметка, на пример, со тенки памучни панталони, кои можат да бидат еднобојни или во принт.

Двете комбинации се дополнети со беспрекорниот избор на модни додатоци од сафари трендот и кожни обувки кои исто така се дел од новата колекција.

PENNYBLACK комбинација 1: вискозна маица со жирафа принт, ленен елек со колан и панталони, чанта со жирафа принт и кожни сандали со златни акценти; Комбинација 2 (десно): ленен макси фустан, марама со жирафа принт, кожен кафен колан, кремава капа и …

PENNYBLACK комбинација 1: вискозна маица со жирафа принт, ленен елек со колан и панталони, чанта со жирафа принт и кожни сандали со златни акценти;
Комбинација 2 (десно): ленен макси фустан, марама со жирафа принт, кожен кафен колан, кремава капа и кожни златни чевли со отворена пета, достапни во продажниот салон Pennyblack, Ramstore Mall (прв кат)

Од животинските принтови, оваа година доста застапен на модната сцена е и зебрастиот принт. Како тој можеме да го комбинираме со типичните сафари парчиња?

Точно, зебрастиот принт е доста застапен во новата колекција пролет-лето 2021, и како впечатлив животински принт во црно-бела комбинација изгледа одлично со пастелни кремасти тонови. Но, тој може да се комбинира и со други повпечатливи тонови како црвена, фуксија, магента, циклама или корална боја што го прави многу верситилен.

Во нашата комбинација како примарно парче во зебраст принт ја избравме оваа кошула-туника во прав крој изработена од сјајна вискоза со дискретен 3Д ефект, украсена со краток карнер на врзување кај вратот, и долг ракав со ластичиња за лесно подесување. Ја комбинираме со сукња-панталони во камел нијанса кои се фаворит кај дамите, со џебови и украсни златни копчиња. Изгледот е комплетиран со широк црн кожен ремен со златка тока, мала ташничка со златни синџирчиња повторно во зебра принт, и кожни шпиц чевли во контрастно црно-бела комбинација на отворена пета.

PENNYBLACK комбинација 3: вискозна зебра принт кошула, широки панталони, широк кожен колан во со златна тока, чанта со зебра принт и шпицасти кожни кондури, достапни во продажниот салон Pennyblack, Ramstore Mall (прв кат)

PENNYBLACK комбинација 3: вискозна зебра принт кошула, широки панталони, широк кожен колан во со златна тока, чанта со зебра принт и шпицасти кожни кондури, достапни во продажниот салон Pennyblack, Ramstore Mall (прв кат)

Кој е твојот омилен начин на комбинирање на Сафари стилот?

Омилени ми се модели во модерна тексас варијанта изработени од лиоцел или тенсел, кои се еколошки ткаенини од целулоза. Како памукот и ленот, овие материјали даваат дополнително свежо чувство и леснотија при носење во летниот период од годината. А кога се работи за принтовите, многу ми се допадна принтот со слонови од сафари линијата на Pennyblack оваа сезона. Тој ја ја пресликува топлата Африка во мало и создава урбана фузија на сите елементи кои се карактеристични за сафари стилот (неутрални тонови и животински мотиви).

Во оваа комбинација користиме модел на памучна поплин блуза, со спуштен израз на раменици и украсни ленти од истиот материјал за опуштено врзана панделка. Долниот дел е миди здолниште изработено од истиот материјал, со високо поставени фалти и коланче. Бидејќи е доста актуелно носењето на горен и долен дел во ист принт, само за нијанса разбиваме со златниот кожен ремен и сандали на висока потпетица со златни матирани ремчиња.

PENNYBLACK комбинација 4: памучна поплин блуза и здолниште со принт со слонови, златен кожен колан и матирани златни сандали со висока блок потпетица, достапни во продажниот салон Pennyblack, Ramstore Mall (прв кат)

PENNYBLACK комбинација 4: памучна поплин блуза и здолниште со принт со слонови, златен кожен колан и матирани златни сандали со висока блок потпетица, достапни во продажниот салон Pennyblack, Ramstore Mall (прв кат)

Навистина уникатна комбинација! Видовме многу голема разновидност и тоа само во застапеноста на овој тренд во Pennyblack. Според тебе, што е карактеристично за стилот на брендот Pennyblack што ги обединува сите стилови и трендови?

Pennyblack е дизајниран, креиран и произведен во 1978 година преку модната групација Max Mara. Pennyblack е инспириран од Британскиот стил на живеење, со тенденција кон уникатност и индивидуална препознатливост. Колекциите се динамични, современи, иновативни, а се користат автентични ткаенини за дамите да се чувствуваат удобно и слободно.

Италијанскиот бренд се состои од три линии кои карактеризираат три различни стилови, а сепак можат да се комбинираат во Mix&Match комбинации. Линијата BLACK е погодна за работни и деловни комбинации без да се изостави практичното и удобното чувство. Линијата GREY е наменета за спортско и кежуал облекување, за викенди или за патувања, при неформални прилики и за во слободно време. И свечената линија таканаречена PINK нуди парчиња за специјални прилики, настани и забави. Оваа линија им овозможува на жените да се чувствуваат уникатно и при најгламурозните прилики.

За крај, дали има некој моден совет кој би сакала да го споделиш со нашите читателки?

Комбинирајте ги паметно актуелните трендови за да ги освежите комбинациите со вашите омилени модни парчиња. И бидете насмеани, насмевката е најдобриот аксесоар.

Marella Stories: Лејла Рамковска за јогата, пријателите и стилот

Marella Stories: Лејла Рамковска за јогата, пријателите и стилот

Pinko приказната со Јелена Јованова Перич продолжува!

Pinko приказната со Јелена Јованова Перич продолжува!