СИМОНА СПИРОВСКА: СИЛНА, ХРАБРА И ИСКРЕНА

СИМОНА СПИРОВСКА: СИЛНА, ХРАБРА И ИСКРЕНА

Моментално си вработена во Театарот за деца и младинци. На што те научи ова искуство?

Театарот за деца и младинци ме научи како да се биде дел од ансамбл, а притоа да не си ја изгубиш и закопаш искреноста. Ме научи како да се борам за претставите во кои верувам. Ме научи дека повозрасните колеги треба да бидат тука за да те заштитат. Ме научи како да растам низ претставите кои ги играм.

Комбинација// Marella

Комбинација// Marella

 Која ти е неостварена улога? Која од досегашните улоги те прави посебно горда на она што го работиш? Што би направила за да ја добиеш улогата која ја сакаш?

Немам неостварена улога зашто верувам дека допрва ќе творам па ќе има и време и можност да ми се случат оние со кои ќе си се препознаеме.  Се гордеам со улогите кои ми носат радост кога ги играм. Улогите во претствите на ,,Артопија’’ ( ,,Да го поздравиш и да ми го бациш’’, ,,Експеримент’’ и ,,Ужегнатост’’), ,,Зоха од Нашиот клас’’, ,,Селма’’,

,,Еј Ти’’ од ,,Оливер Твист’’, ,,Една Разбојничка’’, мојата магистерска ,,Саломе’’ која се почесто ја мислам, па можеби еден ден пак ќе си се сретнеме, ,,Говинда’’ и секако последната на која уште работам.

Комбинација// Marella

Комбинација// Marella

DSC_5066 e.jpg

 Актерка си и активист. Што значи за тебе активизмот?

За мене активизмот значи свесност за местото и времето во кое живеам со сите негови недостатоци. Значи потреба да се бориш и за себе, но и за оние кои немаат глас. Значи да бидеш човек. Театарот и активизмот се поврзани. Всушност вистинската уметност и активизмот се неразделно врзани. 

Комбинација// Marella

Комбинација// Marella

Работеше и на претстава во Италија. Дали би си заминала од Македонија и би останала да работиш во странство?

Еднаш не заминав, зашто ми требаше да сум тука. Ми се чинеше дека ми е обврска да останам тука и да се борам. Сега не знам што би направила. Можеби повторно би останала.

Дел си и од репертоарот на ,,Артопија’’. Кажи ни нешто повеќе за ,,Артопија’’?

Дел сум од здружението ,,Артопија’’ и се разбира играм во претставите на ,,Артопија’’. ,,Артопија’’ е мојата гордост која постои речиси три години. Се роди во една бурна априлска ноќ и како од тогаш да си е предодрена да пркоси. И’посакувам да расте и да остане бунтовна.

Дали преку твојот личен стил и начин на облекување сакаш да пренесеш некоја порака? Која порака за тоа која е Симона би сакала да ја пренецеш?

Никогаш не сум размислувала за ова. Секогаш сум се облекувала онака како што во моментот сум се чувствувала. Епа ете веројатно тоа е мојот стил- слобода.

Комбинација// Marella

Комбинација// Marella

Комбинација// Marella

Комбинација// Marella

Симона никогаш не би облекла. Мислам дека би облекла се, зависи од приликата.

Кој е твојот омилен тим со кого си работела на претстава? Која е твоја омилена претстава на која си работела?

Најубаво си е дома, па затоа прво би рекла ,,Артопија’’, но бидејќи некогаш е здраво да се напушти топлината на ,,домот’’ би можела да кажам дека речиси во секоја претстава имам можност да работам со колеги и другари со кои уживам да сум на сцена. Имало и лоши проекти, но никогаш не сум работела со луѓе со кои не сум сакала да бидам на сцена. И во Италија си го најдов тетарскиот дом и овде го имам.

Што би направила за луѓето кои ги сакаш?

Се.

Следен проект на кој работиш ,,Хамлет’’ во режија на Милош Андоновски.

Комбинација// Marella

Комбинација// Marella

Модел// Симона Спировска

Облека// Марела

Фотографии// Горјан В. Прозус

Шминка и коса// Даниел Артевски

Продукција// Магнетик групација

 

ИВАНА ПАВЛАКОВИЌ: МИЛА, НЕЖНА И БУНТОВНА

ИВАНА ПАВЛАКОВИЌ: МИЛА, НЕЖНА И БУНТОВНА

Каролина Гочева е зимска убавица во новата и последна фотосесија на Магнетик за брендот Pennyblack

Каролина Гочева е зимска убавица во новата и последна фотосесија на Магнетик за брендот Pennyblack