Предлози на чанти за на плажа

Предлози на чанти за на плажа

Подготовките за на плажа се веќе започнати. Сите веќе по сто пати сме се прашале каде не одмор? Иако некои од нас немаат одлучено за тоа каде ќе го поминат одморот веќе сите размислуваат што ќе понесат на одмор.

Ако веќе сте го одбрале костимот за капење за овој летен одмор, тогаш е време да ви помогнеме со вториот проблем- чантата за на плажа.

На плажа сите носиме минимум три различни фактори, спреј за коса, пешкир, резерен костим за капење, карти, коцки и уште милион тракатанци кои секогаш го носиме со себе (за секој случај).

Што значи тоа?

Чантата за на плажа прво мора да е практична, удобна за носење и да собира многу, лесно да се пере или да нема потреба од перење.

Чантите кои ни ви ги предлагаме се наменско дизајнирани за да се носат на плажа. Можат да соберат милион различни ситници. Ако ви се истури некоја од кремите за потемнување лесно се перат или воопшто немаат потреба од перење. Најважно од се имаме избор на бои, дизајни и модели. Погледните ги предлозите на чанти или дојдете во нашите продавници и одберете ја вашата чанта за на плажа.

Чанта- Carpisa

Чанта- Carpisa

Чантата која собира буквално се! Супер е организирана и доаѓа во комплет со помала фротирена чанта- пешкир.

Чанта- Carpisa Шешир- Carpisa

Чанта- Carpisa Шешир- Carpisa

Чантата која е 100% плажна чанта. Сламената чанта одлично ќе ви прилега со сламен шешир.

Чанта- Carpisa Обувки- Yamamay

Чанта- Carpisa Обувки- Yamamay

Модерна и тренди чанта за на плажа. Вистински голема и вистински практична. Верувајте нема да имате потреба да мислите дали ќе ја извалкате.

Чанта- Carpisa Апостолки- Yamamay

Чанта- Carpisa Апостолки- Yamamay

Чанта ранец за сите вас кои сакате чантата да ви е практична и да не одвоите од вашите ранци.

Мексикански специјалитети кои морате да ги пробате во Амигос

Мексикански специјалитети кои морате да ги пробате во Амигос

Костими за капење за секој тип на тело

Костими за капење за секој тип на тело