Спортски комбинации од нашите брендови- прв дел

Спортски комбинации од нашите брендови- прв дел

Знаеме сите дека во секојдневната мода најлесно и најбрзо се менуваат трендовите. Желбата за експериментирање и изнаоѓање нови начини на себеизразување преку облеката ги зголемува апетитите и потребите на сите нас да го освежуваме ормарот со нови идеи и нови парчиња. Инспирирани од почетокот на пролетта, сончевите денови, преполните паркови и продолжените викенди кои ни доаѓаат овој пат се решивме да ви предложиме спортски варијанти од нашите бендови.

Најголем тренд во моментов се спортските шик варијанти, со парчиња облека за џогирање или вежбање, прилагодени во секодјневниот стил, под влијание на модата од 80тите. Еднобојни комплети, хеланки или панталони со ластик, работнички комбилизони, панталони за џогирање, блузони или интересни памучни маички.

Тексас палто, комбинезон Max&Co 

Тексас палто, комбинезон Max&Co 

Комбинација Max&Co

Комбинација Max&Co

Доколку вашата работа бара од вас да во текот на неделата бидете “облечени-средени” за време на викендот ќе можете да се релаксирате ако носите нешто во кое вие ќе се чувствувате  најпријатно и удобно.

Ако не сте спортски тип, тогаш сигурно сте тип кој сака да патува. Па, ние ви предлагаме парчиња за на пат во кои вие ќе се чувствувате совршено удобно. Со омилениот пар фармерки или панталони може да се вклопите бела поло кошула или палто и патики.

Ремен, јакна, ташна, панталони, балетанки Paul&Shark

Ремен, јакна, ташна, панталони, балетанки Paul&Shark

Комбинација Paul&Shark

Комбинација Paul&Shark

Секако секоја комбинација може да ја направите спортска со додавање на патики.  Високата мода веќе со месеци ги меша поимите за модерно и удобно, па претпоставуваме дека и овој пролетен тренд уште од минатата година е тренд во кој сите се вљубија. Спортските патики вклучени во секоја комбинација.

Патики, панталони Weekend Max Mara

Патики, панталони Weekend Max Mara

Комбинација Weekend Max Mara 

Комбинација Weekend Max Mara 

Ние решивме да направиме поголем број на спортски предлози во кои ќе може да се пронајде секој од нас.

Ташна, кошула, панталони Marella

Ташна, кошула, панталони Marella

Шешир, сандали Marella

Шешир, сандали Marella

СПОРТСКИ КОМБИНАЦИИ ОД НАШИТЕ БРЕНДОВИ- втор дел

СПОРТСКИ КОМБИНАЦИИ ОД НАШИТЕ БРЕНДОВИ- втор дел

Успешни жени: Интервју со Едина Колашинац сопственичка на салонот за убавина Pleasure

Успешни жени: Интервју со Едина Колашинац сопственичка на салонот за убавина Pleasure