Како си поминавме на пролетниот настан во Max&Co?

Како си поминавме на пролетниот настан во Max&Co?

Оваа сончева недела веќе е пред крајот, а ние сме среќни и се уште под импресии од дружењето и убавите луѓе на вчерашниот настан во Max&Co.

Пролетта дефинитвно дојде во нашето Скопје, а вчера пристигна и во Max&Co.

Овој пат сите продавници на Max&Co ја дочекаа пролетта. Пролетта е годишното време кое ја симболизира преродбата. Па, така Max&Co преку овој настан сакаше на секоја жена да и помогне да ја обнови својата гардероба со парче во кое ќе се чувствува удобно и женствено истовремено но, во боите и трендовите на оваа пролетна сезона. Преку цветните декорации и подароци да не инспирира и мотивира оваа сезона да го намалиме стресот и да се фокусираме на убавите работи и случувања кои ни го носи пролетта.

На настанот имавме можност да се запознаеме со пролетната колекција во Max&Co, да ги пробаме и да си одбереме некои од прекрасните, удобни и лесни парчиња. Оваа пролет дефинитивно Max&Co преку своите дизајни сака на сите жени да им овозможи да се чувствуваат опуштено, убаво, а преку своите кроеви да ја потенцира жената и женското тело.

Настанот изобилуваше со овошни коктели и цветно дизајнирани колачиња, а цвеќиња немаше само на принтовите и дизајните туку долж целиот Max&Co.

Цветни букети од цвеќарницата Bloom добија сите присутни гости, а излогот и рафтовите беа полни со свежи цветови и декорации кои за момент ни дозволија да се почувствуваме како да сме телепортирани во некоја друга цветна димензија.

Освен убавите цветни декорации, овошјето и пролетните парчиња најголемата среќа и позитивна енергија дојде од вашите насмевки и убавото дружење.

Би сакале со вас да споделиме дел од фотографиите и да ви се заблагодариме што дојдовте и ни го разубавевте Max&Co  со вашето присуство и вашите насмевки.

Успешни жени: Интервју со Едина Колашинац сопственичка на салонот за убавина Pleasure

Успешни жени: Интервју со Едина Колашинац сопственичка на салонот за убавина Pleasure

Настан: Пролетно будење во Max&Co

Настан: Пролетно будење во Max&Co