Морнарски принт: задолжителен тренд од Marella

Морнарски принт: задолжителен тренд од Marella

Во овој пост повторно продолжуваме со традицијата која се покажа како повеќе од одлична. Наша модна блогерка ви претставува нови трендови кои можете да си ги купите во нашите продавници. Овој пат тоа е Јелена и нејзиниот блог fsquared.mk во соработка со Marella.

Нашата Marella веќе е освежена со новата пролетна колекција. Парчињата со сигурност наговестуваат дека веќе е пролет и студот и снежните денови се зад нас. Пролетта дефинитивно е најубавото годишно време. Посебно за нас модните зависници бидејќи ни дозволува да носиме се што ќе посакаме, а сонцето ќе го разубави нашиот аутфит.

Новата пролетна колекција во Marella дефинитивно ги поседува парчињата од вашите сончеви соништа. Бои, цветови, риги и точки. Се што ќе видите ќе посакате да го имате. Нежни матерјали, удобни за носење и лесни за комбинирање.

Јелена иако се заљуби во целата пролетна колекција, сепак одбра неколку парчиња кои неа и се омилени.

„Еден од моите омилени принтови се ригите, во било каква боја и комбинација. Црно белите риги се класика,  без разлика дали ги носите на блуза, кошула, блузон, сукња или панталони. Оваа комбинација разиграна и освежена со црвена блуза со карнери ме потсети на мојот Париз, односно на препознатливиот таканаречен бретански стил, па оттаму и инспирацијата да го збогатам оутфитот со беретка. Voilà!”

Морнарски принт, риги, алово црвена боја, кроп панталони и ако си додадете и баретка за момент ќе се почувствувате како вистинска парижанка. Еден од изборите на Јелена беше токму морнарскиот принт на кроп панталони и прекрасна црвена лелеава блуза со карнер. Малата чантичка е само јагодката на шлагот на целата комбинација. Подновете се и донесете го духот на Париз низ нашите улици: Paris, je t’aime.

Задолжителна комбинација од Weekend Max Mara

Задолжителна комбинација од Weekend Max Mara

Моја Африка: Must-have парчиња на Weekend Max Mara

Моја Африка: Must-have парчиња на Weekend Max Mara