Што да облечете за свечена пригода? - Совети од модна блогерка

Што да облечете за свечена пригода? - Совети од модна блогерка

При изборот на облека за ваква пригода треба да имаме на ум неколку работи како: годишното време, местото на одржување на свадбената свеченост и евентуално темата на свадбата, доколку ја имаат предвидено младоженците. Ако ги имате разрешено сите гореспоменати работи, не може да погрешите со елегентен, женствен и префинет изглед. Се разбира најпопуларен избор кај жените е секако неговото Височество- фустанот. 

Mодната блогерка Емилија Вучиновска, MissUbranVibe ви подготви неколку гламурозни комбинации од WEEKEND MAX MARA, MARELLA, MAX&CO и ви ги претспавува преку 4 клучни совети за како да се облечете за следната свечена пригода.

 

1.  МАКСИ ФУСТАН

Иако летото е во тек, треба да избегнувате премногу кратки и фустани со длабоко деколте. Сепак, како гости на венчавка, оддавате чест на младоженците и нивната љубов и не треба премногу да ги потенцирате вашите атрибути. Како прв предлог би издвоила долг, лелеав фустан со едноставна кројка, но со впечатлива пастелна боја и дезен. Вакво парче облека искомбинирајте го со чевли со средна дебела потпетица, бидејќи сепак, треба да танцувате и да се веселите за време на целата церемонија. Ако станува збор за вечерна венчавка, со себе може да понесете шамија која би можеле да ја искористите и како наметка доколку ви стане ладно во текот на вечерта.  

Фустан WEEKEND MAX MARA | Чевли WEEKEND MAX MARA | Tашна MAX&CO

Фустан WEEKEND MAX MARA | Чевли WEEKEND MAX MARA | Tашна MAX&CO

2.  МАЛ ЦРН ФУСТАН

Ако сакате да играте на сигурна карта одберете фустан во црна боја. Многумина сметаат дека ваков фустан не е пригоден за свечен и весел настан, меѓутоа црниот фустан е класика со која не можете да згрешите во ниту една пригода. Одберете необичен модел кој би го освежиле со впечатлив накит, ремен или впечатливи чевли.

Фустан MARELLA  |  Чевли MARELLA | Ремен MAX&CO

Фустан MARELLA  |  Чевли MARELLA | Ремен MAX&CO

3. ЦРВЕНО ИЛИ ПОРТОКАЛОВО ВО РЕТРО СТИЛ

Црвената и портокаловата боја поседуваат голема стилска моќ- тие се како створени за свечени настани. Би оставиле силен впечаток доколку одберете фустан во молив стил во црвена или портокалова боја, меѓутоа оние со лелеав крој делуваат поразиграно и ви даваат повеќе слобода во движењето. Ова лето посебно се модерни лелеави фустани во ретро стил. Доколку одберете ваков фустан, внимавајте во комбинирањето на додатоците. Препорачувам накитот да го сведете на минимум. Доколку сакате пооткачена комбинација, чевлите нека бидат во појака и впечатлива боја. 

Фустан MARELLA | Очила FIORELLA RUBINO

Фустан MARELLA | Очила FIORELLA RUBINO

 

4. ЦВЕТНИ ПРИНТОВИ

Цветниот принт никогаш не излегува од мода, па затоа нема да погрешите ако се одлучите и за фустан со цветен принт. Искомбинирајте го со чевли во една боја и плико- чанта. Додатоците и во оваа комбинација можете да ги сведете на минимум, бидејќи и тука важи правилото, помалку е повеќе. 

И за крај, најважно од се е да се чувствувате удобно и задоволно во која и комбинација да ја одберете. И секако да во неа можете да танцувате и да се веселите, заедно со среќната двојка, до зори.   

Уметноста на безвременската мода - ART 365 MARELLA

Уметноста на безвременската мода - ART 365 MARELLA

Како да се облечете на +30 Степени Целзиусови?

Како да се облечете на +30 Степени Целзиусови?