Кои се 6те клучни модни трендови на новата сезона?

Кои се 6те клучни модни трендови на новата сезона?

Со есенските денови веќе на прагот, не можеме а да не започнеме да размислуваме за најновите модни трендови и совршени стајлинзи кои би сакале да ги доловиме. Од смелите ‘cropped’ панталони, кои се клучно и иконско парче за новата сезона, до повеќеслојните парчиња испреплетени во една единствена комбинација, есен-зима 16/17 модните трендови сосема јасно укажуваат дека со мала доза на смелост, креативност и авангардност, својот моден стил можеме да го дефинираме со помош на неколку едноставни клучни парчиња.

Па, има ли подобар начин да го заокружиме Септемврискиот дух на нови почетоци со свежи, модерни парчиња кој ќе не “вооружаат” со самодоверба за престојната сезона?!

Еве кои се 6те актуелни и клучни трендови за новата  сезона, представени од високите модни брендови MAX&CO, WEEKEND MAX MARA, MARELLA, LIU JO, PENNY BLACK.

 

1. Слоевито облекување

PENNYBLACK

PENNYBLACK

Слоевито облекување е апсолутно нов моден тренд, кој се постигнува преку комбинирање на повеќе од парчиња облека што се комбинираат едно врз друго. Невообичаено “слоевит”, продолжува да расне во својата популарност паралелно со континуираниот подем на  уличната мода ширум светот. Доколку вашиот гардеробер е полн со блузи и туники по долги ракави, чувствувајте се слободни да ги комбинирате смело.

Едноставно експериментирајте со своите зимски стајлинзи преку комбинирање и мешање со најразлични слоеви и материјали. Тајната на подемот на овој тренд лежи токму во смелоста да се спојуваат луксузни материјали на облека со спортски парчиња облека кои овозможуваат максимална слобода на изразување.

MAX&CO

MAX&CO

LIU JO

LIU JO

BASLER

BASLER

 

2. 'Cropped' панталони 

MAX&CO

MAX&CO

Не е тајна дека овој тренд веќе неколку сезони наназад ги доминира модните писти и списанија, но секако постои добра причина за тоа. Широките панталони со должина до глужд и висок струк се апсолутен хит затоа што лесно “паѓаат” врз женската силуета, оддавајќи чувство на леснотија при секој чекор од една страна, и модерен изглед од друга страна. Овој нов крој на панталони, е парче кое секоја модерна дама мора да го поседува во својот гардеробер.

Носете ги вашите со ултра-дебел џембер или лесна кошула во зависност од пригодата.

PENNYBLACK

PENNYBLACK

PENNYBLACK

PENNYBLACK

MAX&CO

MAX&CO

MARELLA

MARELLA

LIU JO

LIU JO

PENNYBLACK

PENNYBLACK

3. Кожни сандали со високи чорапи

MAX&CO

MAX&CO

Овој моден тренд за многу кратко време постана вистински моден хит кој потекнува токму од имагинацијата на Париските модни икони. Можеби навидум е конфузен и неприроден, но модните експерти  ветуваат голем подем заради фактот дека 'несекојдневното' и 'смелото' денеска станува модерно. Смелата комбинација од кожни, металик сандали со ремени и високи чорапи во разни дезени и бои, ви овозможува да додадете ултра-модерен , разигран спин на вашиот стил.  

MAX&CO

MAX&CO

4. Груби ткаенини

WEEKEND MAX MARA

WEEKEND MAX MARA

И покрај тоа што од сезона во сезона се  чувствува се поголемиот интерес за грубите ткаенини и пепито шарите, најновите зимски трендови се повеќе ја збогатуваат својата свежа перспектива на доживување на модерниот урбанизам преку разиграни палети од бои – проткаени во груби и бодликави материјали во стилот на легендарните шанел палта.

MARELLA

MARELLA

LIU JO

LIU JO

LIU JO

LIU JO

GERRY WEBER

GERRY WEBER

 

5. Впечатливи јаки

MARELLA

MARELLA

Големите и впечатливи јаки ги револуционализираат класичните волнени капути од сезона во сезона. Везените детали и впечатливи кројки се сведени на минимум за да се зајакне современиот минимализам кој овие парчиња го поседуваат во голема мера. Тука не се работи за преголеми и волумениозни форми на палто, напротив, се фокусира на впечатливи јаки и строги линии кој даваат софистициран спин на вашиот изглед.

Капутот на модните линии на MAX MARA под кои спѓаат Marella, Max&Co, Pennyblack, Weekend Max Mara е клучно и заштитно парче на брендовите, кои најдобро го истакнува овој моден тренд. 

MAX&CO

MAX&CO

MAX&CO

MAX&CO

MAX&CO

MAX&CO

GERRY WEBER

GERRY WEBER

BASLER

BASLER

6. Животински принтови

LIU JO

LIU JO

Сезона во сезона, препонатливиот ‘animal’ прнт прераснува во клучен моден тренд кој не смее да се изостави. Во новите колекции, како што ни најави светското модно списани VOGUE заедно со брендовите од високата мода, особен фокус се става на Леопардскиот принт, кој се истакнува во различни нијанси и комбинации на модните писти. Збогатете го вашиот стајлинг со уникатно парче во Леопардски принт, и бидете во чекор со светските модни трендови!

WEEKEND MAX MARA

WEEKEND MAX MARA

MAX&CO

MAX&CO

LIU JO

LIU JO

Стилски совети: која боја најдобро му прилега на вашиот тен?

Стилски совети: која боја најдобро му прилега на вашиот тен?

4  клучни трендови кај модните додатоци

4 клучни трендови кај модните додатоци