Вагата ги мери килограмите, но не и стилот. Модни совети што да облечете според формата на телото.

Вагата ги мери килограмите, но не и стилот. Модни совети што да облечете според формата на телото.

Доколку имате неколку килограми повеќе, не значи дека не може да изгледате совршено! Тајната за тоа не е во скапата облека и дизајнерските парчиња, туку во самите вас и начинот на кој ги правите модните комбинации за вашето тело и личен стил. 

 

Чест стереотип кај жените и девојките со облини е дека кога станува збор за облеката многу сме лимитирани во изборот, но тоа и не е баш точно. 

Добро познавање на своето тело, форма и облини, и разбирањето на модните кроеви можат да го направат вашето шопинг искуство забавно, да ја зголемат вашата самодоверба и да ве натераат да го засакате вашето тело уште повеќе. Стилот е многу помоќен од витката линија, а да не заборавиме дека секој од нас треба да знае како да се сака себе си таков каков што е !

За сите вас, направивме уникатни комбинации зависно од најчестите форми на телото. 
Пронајдете ја својата форма на тело и послушајте совети од модните експерти што да купите следно. Пронајдете ја формата на вашето тело и блеснете во стајлинзите кои BASLER, FIORELLA RUBINO, ОLTRE и GERRY WEBER ги подготвија за вас со цел да се чуствувате привлечно, удобно, модерно без разлика на пригодата!

 

КРУША – широки колкови, тенко торзо

Кога станува збор за формата на телото наречена КРУША, препознатливи карактеристики се широките колкови и бутки, а потенок и истакнат струк. За оваа форма на тело најдобро прилегаат модните парчиња кои се пресечени на струкот а продолжуваат широки надолу. Со комбинациите подолу ќе го истакнете вашиот тенок струк, ќе ги покриете облините и ќе ја истакнете вашата женствена линија.

Gerry Weber

Gerry Weber

Basler

Basler

Basler

Basler

 

ЈАБОЛКО – вишокот тежина се наоѓа во пределот на стомакот

Вишокот тежина се наоѓа над струкот и под вратот, односно е лоцирана кај стомакот, градите и спојлерите, а нозете се тенки и витки! Одличен избор за оваа форма се тесните или рамни пантолони кои ќе ги потенцираат тенките нозе, а со помош на лежерна и поширока блуза можете да ги прикриете оние делови кои ви преставуваат проблем.

Oltre

Oltre

Gerry Weber

Gerry Weber

Fiorella Rubino

Fiorella Rubino

 

ПЕСОЧЕН ЧАСОВНИК – широки раменици, полно деколте, тенок струк и полни и заоблени колкови

Кај оваа форма идеални се парчињата кој го потенцираат струкот, додека пак се препорачува да се избегнуваат парчиња облека од широк тип.. Песочниот часовник се верува дека е најзастапен, а жените кои ја имаат оваа форма секогаш имаат облини на кои секој би подзавидил. Но, доколку не се облече вистинското парче облека, формата може да ја изгуби својата убавина! Идеален избор е тесниот фустан со пресек на струкот, како и здолништето познато како “pencil skirt”.

Oltre

Oltre

Basler

Basler

Fiorella Rubino

Fiorella Rubino

 

ЈАГОДА – големи гради, широки раменици, рамни и мали колкови

Тајната која треба да ја знае секоја жена со оваа форма на тело е дека секогаш треба да се постигнува баланс меѓу горниот и долниот дел од телото, односно да се постигне оптичка илузија на формата “песочен часовник”. Прекрасните тенки нозе треба да се истакнат, но никогаш не носете премногу кратки здолништа бидејќи со тоа само би го потенцирале горниот дел од телото. Деколтираните блузи со “V” израз и рамните пантолони треба да бидат дефинитивно вашиот избор!

Fiorella Rubino

Fiorella Rubino

Fiorella Rubino

Fiorella Rubino

Fiorella Rubino

Fiorella Rubino

Fiorella Rubino

Fiorella Rubino

*Парчињата од сликите можете да ги најдете во продажниот салон на BASLER, FIORELLA RUBINO, OLTRE во ТЦ Рамстор и GERRY WEBER во ГТЦ.

Како да се облечете на +30 Степени Целзиусови?

Како да се облечете на +30 Степени Целзиусови?

Паметно купување на попуст со Motivi, Oltre, Fiorella Rubino

Паметно купување на попуст со Motivi, Oltre, Fiorella Rubino