"Cropped" панталони - модниот тренд кој ги освои светските метрополи

"Cropped" панталони - модниот тренд кој ги освои светските метрополи

Секоја нова сезона е препознатлива и се карактеризира со некаква модна новина. Оваа есен како клучно парче се ‘cropped’ панталоните кои можеме да ги пронајдеме во голем број од светските модни брендови. Карактеристични по својот уникатен крој, висок струк, должина над глуждови и ѕвонести ногавици, cropped панталоните доловуваат уникатен моден стајлинг.

Во овој моден едиторијал за вас подготвивме неколку стилски совети како да ги комбинирате и носите ‘cropped’ панталоните.

Следејќи ги модните совети на  MAX&CO, кој ги комбинира панталоните до глуждот со мега трендот сандала+чорапи, до WEEKEND MAX MARA кој му дава акцент на межествено-женствениот стајлинг, можеме да заклучиме дека ова лесно трансформирачко парче е must-have за оваа сезона.

Во прилог, ви претставуваме три начини како да го носите трендот.

 

1.Cropped панталони во комбинација со окфорд чевли 

Оксфорд чевлите се формални машки чевли, кои неодамна станаа неизоставен дел од женскиот аутфит насекаде во светот. Инспирирани од брзиот подем на овие чевли, групацијата MAX MARA вешто ги комбинира и оваа сезона во комбинација со нивното височествоcropped панталоните.

Кога станува збор за експериментирањето во боите и стиловите, бидете што е можно по храбри.

PENNYBLACK

PENNYBLACK

PENNYBLACK

PENNYBLACK

PENNYBLACK

PENNYBLACK

WEEKEND MAX MARA

WEEKEND MAX MARA


2.Cropped панталони во комбинација со високи потпетици

Магијата во оваа стилска комбинација се крие во волуменизниот и широк крој на cropped панталоните од една страна, и моќта на потпетицата визуелно да ја истенчи и издолжи вашата силуетоа, од друга страна.

Класична салонка или чизма до глужд на потпетица во комбинација со cropped панталоните се одличен моден погодок и за дневните, и за вечерните часови.

MAX&CO

MAX&CO

MAX&CO

MAX&CO

MAX&CO

MAX&CO

PENNYBLACK

PENNYBLACK


3.Cropped панталони во комбинација со сандали

Направете храбар чекор во есента со  ексцентричниот моден тренд кој претставува стилска комбинација од чорапа и сандала (одобрен од сестрите Олсен) и исечени панталони.

Совршена за раната есен, оваа стилска комбинација ја достигна својата популарност како резултат на подемот на уличниот стил, кој пак е главна инспирација на модните куќи ширум светот да излезат од рамката на конвенционалност и комформизам и да ја црпат својата инспирација назад во 80 тите.

MAX&CO

MAX&CO

MAX&CO

MAX&CO

Fiorella Rubino – plus size со ултра модерна и женствена колекција!

Fiorella Rubino – plus size со ултра модерна и женствена колекција!

MARELLA го прослави својот 10ти роденден!

MARELLA го прослави својот 10ти роденден!