Модни трендови пролет-лето 2023 според Vogue

Модни трендови пролет-лето 2023 според Vogue

Модата е медиум кој постојано се менува. Столбовите на стилот се секогаш исти, но нашиот глад за промена ги преобразува нејзините изрази од една во друга форма. За да го заситат тоа наше барање, модните дизајнери оваа сезона ни сервираа на модната писта нови итерации на нашите омилени стилови. За да откриеме што има во во ова ново поглавје, погледнавме во статиите на Vogue и ги донесовме следниве 5 заклучоци. Дознајте кои се тие и како можеме да ги прилагодите во вашиот секојдневен стил!

 

1. Нео-минимализам

Нео-минимализмот е редефиниција на женскиот костим и други препознатливи елементи на корпоративната униформа. Овај стил комбинира елементи како палта и одела и бели кошули , но оваа сезона не пречекува со нов баланс помеѓу екстремите на oversized и силуети во стело, и комфорот и елеганцијата, обединети преку вешта слоевитост и неутрални/монохроматски бои. Овој тренд е одличен за сите дами кои сакаат едноставност, минимализам но и впечатливи, уникатни силуети и стилови. Како пример и инспирација обратете се кај моделот и стилска икона Rosie Huntington-Whiteley, која го практикува веќе со години и секогаш, без исклучок, секогаш изгледа прекрасно.

Како да го прилагодиме трендот во секојдневни комбинации:
Поради едноставната природа на овој тренд, the devil’s in the details. Затоа кога бирате парчиња, изберете ги оние кои имаат нешто уникатно, нешто несекојдневно, и нешто вешто скроено. За секојдневен изглед комбинирајте широки панталони, oversized палта и бела кошула со уникатен крој, и надополнете го изгледот со додатоци како впечатлива чанта (која може да биде и во впечатлива, контрасна боја). А за вечерен изглед, покажете малку кожа со кошула со отворен грб или храбар градник!

 

Предлози:


 

2. Темпераментни текстури

Ако ви е доста од минимализам, подгответе се и за максимална експлозија на материјали, текстури и бои оваа пролет. Овој тренд кој Vogue го нарекува Stay In Тouch или Exciting Textiles ги повикува сите љубители на високата мода повторно да му покажат на светот дека модата е уметност - во секоја смисла на зборот. Од реси и пердуви до тафета и тул, овој тренд ги опфаќа сите материјали што се експресивни сами по себе, но особено во комбинација со впечатлива боја која го комплиментира артистичниот изглед.

Како да го прилагодиме трендот во секојдневни комбинации:
За секојдневни комбинации (кога сакате да изгледате wow, ама можеби не толку WOW), комбинирајте ги овие интересни текстури со посмирени бои, или пак изберете парчиња што имаат експресивни детали во комбинација со посуптилни ткаенини и кроеви. Тоа што е одлично за овој тренд е дека лесно се пренесува од денот во ноќта, така што можете да продолжите да се забавувате во истата комбинација цел ден и да уживате во комплиментите каде и да одите!

 

Предлози:

 

3. Деним детали

Оваа пролет денимот прави голем камбек. Таканаречениот Mood Indigo тренд го комбинира тексас материјал како експресивен, впечатлив и раскошен симбол за стилот, нешто што досега било резервирано исклучиво за не-толку-секојдневни материјали. Оваа сезона креативноста на модните дизајнери доживува експлозија преку овој материјал. И како за бомбастичен почеток на новата деним ера, подгответе се за тексас комбинации доволно гламурозни за да предизвикаат бука и на црвениот тепих (исто како Бритни Спирс и Џастин Тимбрлејк кои сѐ уште ги памтиме од далечната 2001)!

Како да го прилагодиме трендот во секојдневни комбинации:
Овој тренд сам по себе повикува на комоција и прилагодливост, и покрај експресивниот агол во трендот. За да го вткаете во секојдневните комбинации, изберете невообичаени парчиња кои можете да ги вклопите во остатокот од вашиот гардеробер. Палта, панталони и фустани од тексас, па дури и патики и чанти со деним акценти треба да бидат на вашиот радар. Комбинирајте ги во монохроматски деним изглед, со други нијанси на деним, или за вечерен изглед со впечатливо парче/аксесоар со светки или циркони.

 

Предлози:


 

4. Откривање на телото

Vogue истакна неколку трендови во линија со овој концепт за оваа модна сезона. Од т.н. Drapped Dressing, каде користиме набори за да го акцентираме телото, Pillow Talk, каде комбинираме полупроѕирни ткаенини и чипка, или фустани со “тетоважа” ефект кои комбинираат база во боја на кожа и принт кој наликува на тетоважи, до Асиметрични исечоци, како длабок страничен отвор на здолништа и фустани и слично... Сите тие живеат под капата не еден едно големо модно движење кој во Vogue го нарекуваат Fifty Shades of Grès - именуван по креациите на Мадам Грес, француската дизајнерка која била позната во 1950-тите по своите долги фустани со набори и исечоци, инспирирани од грчките божици.

Како да го прилагодиме трендот во секојдневни комбинации:
И покрај тоа што има начини како да го вклучите овој тренд во дневни, софистицирани комбинации (како палта од чипка и слоевит изглед), овој тренд е наменет за раскош и сензуалност во ноќта. Затоа не се воздржувајте во својот избор, покажете малку кожа и уживајте во вниманието по диско светлата!

 

Предлози:


 

5. Метал кој маѓепсува

Време е повторно да заблескаме. Ако сте фанови на овој сјаен финиш, ова е сезоната за вас! Ламинираниот, металик изглед е во во полн ек, додека варијации на истиот се достапни во различни бои и со различен интензитет на сјај - од помалку рефлективни ткаенини како свила и сатен, до особено сјајните финиши на латекс, кожа или имитација на вистински метал. Уште нешто карактеристично за оваа сезона е враќањето на силуетата на сирена, особено во комбинација со блескави ткаенини за т.н. wet look, или mermaidcore.

Како да го прилагодиме трендот во секојдневни комбинации:
Кога се работи за овој тренд, сметајте го ова како ваша покана комплетно да се обвиете во сјај. Изберете впечатлив фустан, јакна или панталони со металик финиш и слободно комбинирајте го со друго металик парче во различен тон. А доколку обвивањето во метален “оклоп” не е сосема ваш стил, сепак можете да вметнете малку блесок во вашите секојдневни комбинации преку модните додатоци. Од чанти и чевли, до накит и ремени, изборот оваа сезона е голем и раскошен, и несомнено ќе се вљубите барем во едно парче кои ќе додаде сјај во вашиот гардеробер.

 

Предлози:

Ова е само мал дел од впечатливите модни трендови кои не очекуваат оваа пролет. Дознајте повеќе на magnetik.mk и бидете во тек со сите модни новитети!

Модна ревија на Liu Jo, Patrizia Pepe и Twinset Milano на Fashion Weekend Skopje

Модна ревија на Liu Jo, Patrizia Pepe и Twinset Milano на Fashion Weekend Skopje

6 луксузни зимски комбинации на намаление до -50%!

6 луксузни зимски комбинации на намаление до -50%!