Модна ревија на Liu Jo, Patrizia Pepe и Twinset Milano на Fashion Weekend Skopje

Модна ревија на Liu Jo, Patrizia Pepe и Twinset Milano на Fashion Weekend Skopje

Минатиот четврток во East Gate Mall се одржаа две големи модни случувања.

Во склоп на Italian Design Days поддржани од Италијанската Амбасада, и воедно првиот ден на Fashion Weekend Skopje, настанот започна со јавна дискусија на тема SMALL BUT PERFECT: THE ENERGY OF DESIGN FOR PEOPLE AND THE ENVIRONMENT. Дел од говорниците беше и нашата бренд управителка, Милена Доневска, која зборуваше за одржливите програми на Liu Jo и Carpisa.

Тоа што следеше - главното модно шоу, модна ревија на која што Magnetik ги претстави колекциите пролет/лето'23 од италијанските брендови Liu Jo, Patrizia Pepe и Twinset Milano.

Погледнете дел од модната ревија:

Liu Jo

Италијанскиот бренд Liu Jo ја претстави колекцијата пролет/лето'23 преку 10 комбинации. Карактеристичните елементи на италијaнскиот стил како гламурот, женственоста, денимот и спортскиот шик се неизоставен дел од колекциите на Liu Jo и како и секоја сезона, оставаат силен впечаток на софистициран стил.

*чантата и марамата се достапен во продажните салони на Liu Jo во East Gate Mall и Ramstore Mall


Patrizia Pepe

Patrizia Pepe е понов бренд на нашиот пазар но веќе ги има зграпчено срцата на љубителките на модата. Моделите од актуелната колекција ни раскажаа приказна за современ минимализам, елеганција, сензуалност и храброст.

*фустанот е достапен во продажниот салон на Patrizia Pepe во East Gate Mall

*фустанот и чевлите се достапни во продажниот салон на Patrizia Pepe во East Gate Mall

*блузата, чевлите и чантата се достапни во продажниот салон на Patrizia Pepe во East Gate Mall


Twinset Milano

Романтични, креативни и нежни, моделите на Twinset Milano донесоа посебна аура на ревијата. Брендот кој е препознатлив по уникатните ткаенини и плетки се претстави со модели кои беа тренди но безвременски и зрачеа секојдневен шик.

*фустанот е достапен во продажниот салон на Twinset Milano во East Gate Mall

Парчињата од ревијата се достапни во Liu Jo, Patrizia Pepe и Twiset Milano во East Gate Mall, продажниот салон Magnetik Gallery во Skopje City Mall, продажниот салон на Liu Jo во Ramstore Mall, и онлајн на magnetik.mk.

Неодоливи цветни принтови зa пролет!

Неодоливи цветни принтови зa пролет!

Модни трендови пролет-лето 2023 според Vogue

Модни трендови пролет-лето 2023 според Vogue