Празнична магија со Yamamay: Сара Мејс и Димитар за семејството, самодовербата и страста

Празнична магија со Yamamay: Сара Мејс и Димитар за семејството, самодовербата и страста

Во пресрет на празниците, Yamamy се погрижи да ја внесе магичната атмосфера во домот. Ова е време за семејството, за дарување но и за одмор, и малку внимание за самите себе и време за оние работи кои го разгоруваат нашиот дух, како љубовта, пасијата и страста.

Во соработката со пејачката и харфистка Сара Мејс, и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски, ги ставивме во фокус токму овие вредности: љубовта, семејството, едноставноста и страста. Заедно со двете деца, младите родители не внесоа во нивниот свет и споделија со нас која е тајната на среќниот, позитивен и исполнет брачен живот - самодовербата.

Низ оваа визуелна приказна за нив и нивното семејство, тие ни ги претставија и најновите модели од зимската колекција на Yamamay, во која има и matching сетови и пижами за целото семејство, удобна облека и долна облека, како и сензуалната PRIVE колекција. Погледнете повеќе:

Целта на оваа кампања е да ја истакне важноста на самодовербата во сите аспекти од животот, а особено во бракот. Кога мажот и жената ќе се најдат во улога на родители следат многу промени кои влијаат на нивниот заеднички живот, а особено кај жените кои се справуваат со големи промени во нивното тело. Сара која нео стана мајка по втор пат пред неколку месци, сподели со нас:

Не е важно да сме совршени, не е важно сите да сме според ист калап - најслаби, највити, најманекенки. Важно е да си го сакаме телото, кожата, себеси и животот. Животот е прекрасен кога се чувствуваш убаво во своја кожа и кога живееш до максимум.”

Димитар од друга страна им порача на другите родители да се чувствуваат убаво во својата кожа:

„Многу ми беше чудно кога ни се јавија од Yamamay дека сакаат ние да ја претставиме новата есен/зима колекција. Прво, затоа што не сме модели и второ, затоа што има далеку поспремни дечки од мене. Но Yamamay не потсетија дека треба да се сакаме себе си и да ја споделиме љубовта со нашите најмили. Па затоа решивме заедно да ја споделиме нашата љубов и да ги охрабриме сите родители да се чувствуваат убаво во својата кожа. Ова е само почетокот на нашата Yamamay приказна, се надевам ќе ви се допадне…”

Страста е исто така клучен дел од семејниот живот, поттикната од сите оние работи кои на некој начин го зачинуваат моментот. Колекцијата PRIVE е исполнета со токму такви парчиња, која Сара ја опиша како егзотичен зачин. Таа порача:

”Страста е клучен дел од животот и духовна храна на партнерите. Без неа ни би опстанал ниту еден човек и ниту еден брак. Во таа храна секогаш се добредојдени егзотични зачини како Prive колекцијата на Yamamay. Ако веќе правиме компарација со зачини, би рекла само слатко и луто, премногу вкусно и незаборавно.”

Пораката на ова кампања, и парчињата на оваа колекција се нешто што може да стане дел и од вашиот живот. Подарете љубов и внимание, на семејството, и на себе оваа сезона со Yamamay.

Посетете ги продажните салони на Yamamay во Ramstore (на прв кат), East Gate (приземје на централниот коридор) и City Mall (на прв кат) или онлајн на magnetik.mk/yamamay и погледнете ja целата колекција за есен-зима на Yamamay, и уживајте во намалението до -50% на дел од колекцијата!


Прочитајте повеќе за оваа соработка во најновото издание на Убавина и Здравје за декември 2022/јануари 2023:

Новогодишна модна инспирација со Туна Сејдиу!

Новогодишна модна инспирација со Туна Сејдиу!

Сара Климоска, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева и Тамара Ристоска во Patrizia Pepe Party стил!

Сара Климоска, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева и Тамара Ристоска во Patrizia Pepe Party стил!