Новогодишна модна инспирација со Туна Сејдиу!

Новогодишна модна инспирација со Туна Сејдиу!

Откако ги поминавме последните две години разделени, сите сме желни и жедни за повторно обединување со најблиските и вистинска забава за новогодишната ноќ. Сакаме да ја вратиме празничната магија и гламурот во нашиот изглед. Сакаме да се почувствуваме посебно, и да блескаме оваа вечер.

Кога се работи за блескање и гламур, никој не го прави тоа подобро од Туна Сејдиу! Пејачката и поп ѕвезда која беше заштитно лице на брендот Twinset Milano оваа модна сезона, ја заокружи оваа соработка со две неодоливи комбинации од Twinset за новогодишната ноќ. Двете комбинации се во различен стил, затоа сигурно ќе се пронајдете барем во една од нив. Погледнете ги комбинациите, и повеќе наши предлози за луксузна облека и аксесоари за новогодишната ноќ, сега на намаление до -50%!

✨ Мистериозна и заводлива

Никогаш нема да погрешите со целосно црна комбинација, но не заборавајте да додадете доза гламур со некое светкаво парче. Покрај тоа што оваа комбинација стои на секое тело и прави визуелно истенчување, црната боја секогаш привлекува внимание како храбар, мистериозен став кој зборува за вас и вашето расположение!

Оваа комбинација на Туна вклучува фустан со полупроѕирен тул, впечатливи висечки обетки и стилето чизми со светки, кои се достапни во лимитирани количини во продажниот салон на Twinset Milano во East Gate Mall.


Други предлози за мистериозен и заводлив изглед кои може да ги нарачате онлајн:


❄️ Нежна, но подготвена на сѐ! ❄️

Гламурот не мора да доаѓа по цена на комфорот. Искомбинирајте дводелна комбинација со горен и долен дел, како кошула и здолниште, или џемпер и панталони, во комбинација со рамни обувки како патики со светки, или сјајни чизми за оптимален комфор. Секако, светкавите или сјајни елементи се задолжителни за да се почувствувате впечатливо и несекојдневно, затоа изберете парчиња со уникатни детали како тул, светки, или кожни парчиња.

Оваа комбинација на Туна вклучува две навидум контрасни парчиња кои сепак заедно прават впечатлива и елегантна комбинација. Белиот џемпер во стело со детали од тул, црните панталони со кожен ефект, како и црните кожни чизми со истакнат ѓон, и црната минималистичка чанта исто така се достапни во лимитирани количини во продажниот салон на Twinset Milano во East Gate Mall.


Други предлози кои може да ги нарачате онлајн за комбинација во овој стил:


Модни додатоци:

Затоа што и едноставната комбинација може да биде исклучително впечатлива со соодветните аксесоари, еве неколку исклучително впечатливи и гламурозни аксесоари кои ги избравме за вас:

Уживајте во празничната магија, и зачекорете во 2023 со стил. Погледнете повеќе свечени парчиња и аксесоари на magnetik.mk/partytime или во нашите продажни салони, и почестете се со ново гламурозно, луксузно модно парче сега на намеление до -50%!

6 луксузни зимски комбинации на намаление до -50%!

6 луксузни зимски комбинации на намаление до -50%!

Празнична магија со Yamamay: Сара Мејс и Димитар за семејството, самодовербата и страста

Празнична магија со Yamamay: Сара Мејс и Димитар за семејството, самодовербата и страста