Што пропуштивте на PINKO Golden Ticket Party?

Што пропуштивте на PINKO Golden Ticket Party?

На вчерашниот Golden Ticket Party тимот на Pinko ни претстави многу уникатни искуства и изненадувања. Се дружевме со читач на тарот карти Доменико Мартучи кој беше дојден специјално на нас од Италија, се забавуваме со музиката на DJ Соња Исмаил, и уживавме во коктелите на Amigos Мексикански Ресторан и Бар.


Покрај забавата гостите беа дел и од наградно излекување каде главната награда беше влезница за 2ца за луксузната модна ревија на Pinko во Порто, Црна Гора во септември. На настанот беа присутни и претставници од Pinko Италија кои споделија модни совети со гостите и некои тајни за што може да очекуваме од следните колекции на Pinko.

Погледнете дел од моментите од атмосферата кои нашиот фотограф Круме Кировски ги зграпчи, и посетете не во продажниот салон на Pinko во Ramstore Mall или на magnetik.mk/pinko за да ја погледнете новата колекција!

Благодарност до сите соработници:

Ramstore Mall - за просторот и поддршката,
Соња Исмаил - за музичкиот амбиент,
Доменико Мартучи - за деталните предвидувања,
PHONOLUX - кои се погрижија за магичното осветлување,
Amigos Мексикански Ресторан и Бар - и нивните коктел мајстори,
Слаткарница Перфето - за сите слатки изненадувања,
И сите кои дојдоа на вчерашниот настан и придонесоа на прекрасната енергија која ја искусивме!

Pinko колекција пролет/лето’23:

Примарна инспирација за Golden Ticket Party беше мистичната енергија на брендот Pinko, која е застапена во секоја колекција, но воедно и пролетната, колоритна свежина на новата колекција кој беше особено впечатлива во контраст со темното пано на настанот. Погледнете ја целата колекција пролет/лето’23 во продажниот салон на Pinko во Ramstore, Magnetik Gallery во Skopje City Mall или на magnetik.mk/pinko!

Patrizia Pepe & Twinset Milano на Fashion Weekend Skopje

Patrizia Pepe & Twinset Milano на Fashion Weekend Skopje

Lily's Flower Shop во Weekend Max Mara и новата капсулна колекција со Лили Алдриџ

Lily's Flower Shop во Weekend Max Mara и новата капсулна колекција со Лили Алдриџ