Lily's Flower Shop во Weekend Max Mara и новата капсулна колекција со Лили Алдриџ

Lily's Flower Shop во Weekend Max Mara и новата капсулна колекција со Лили Алдриџ

Вчерашниот настан во Weekend Max Mara во Ramstore Mall беше вистинско освежување на сетилата. Таканаречениот Lily's Flower Shop беше еден вид на прослава на пролетта, а воедно и новата капсулна колекција за пролет/лето’23 на Weekend Max Mara во соработка со американскиот супермодел Лили Алдриџ.

Покрај самата колекција која се карактеризира со многу пролетни бои и дистинктивни цветни мотиви инспирирани од уметничките дела на татко и на Лили, реномираниот Ален Алдриџ, гостите уживаа во атмосферата со прекрасните букети од Fancy Flower Boutique, креативните илустрации со свежо цвеќе од Вања Штркова, и тематскиот коктел од Амигос Мексикански Ресторан и Бар.

Погледнете дел од атмосферата и дознајте повеќе за капсулната колекција.

Како во секоја сезона, така и во оваа, италијанскиот бренд Weekend Max Mara креира лимитирана колекција во соработка со познати артистки од целиот свет на тематика која ги спојува нивните интереси и есенцијата на брендот - автентичниот италијански стил и современа визија во фузија со лежерни, артистични и boho ноти кои го будат креативниот дух.

Супермоделот и филантроп Лили Алдриџ, која вели дека токму овие атрибути ја привлекле кон брендот Weekend Max Mara, со својата колекција таканаречена From Lily with Love сака да создаде безвременска, креативна и еклектична верзија на нејзините омилени пролетни и летни парчиња и комбинации. Таа вели дека колекцијата е “сè што ви е потребно за планирано или спонтано патување”.

При креирање на оваа колекција Лили ги вклучува сите креативци во нејзиното семејство, од нејзиниот татко кој е реномираниот англиски илустратор Ален Алдриџ, до нејзниот сопруг Кејлеб Фаловал, фронтменот на рок бендот Kings of Leon. Погледнете неколку од парчињата од капсулната колекција на самата Лили, и посетете го продажниот салон на Weekend Max Mara во Ramstore Mall за да ја видете во целосниот раскош!

Што пропуштивте на PINKO Golden Ticket Party?

Што пропуштивте на PINKO Golden Ticket Party?

Неодоливи цветни принтови зa пролет!

Неодоливи цветни принтови зa пролет!