Интервју со раководителката на Marella: Повеќе од една деценија во светот на модата и менаџментот

Интервју со раководителката на Marella: Повеќе од една деценија во светот на модата и менаџментот

Marella e италијански бренд, познат по беспрекорнaта изработка, квалитетните материјали, и препознатливиот италијански дизајн. Како дел од семејството на Max Mara, Marella е бренд за жените кои знаат како да ги изразат својот личен стил и секогаш се подготвени за сите предизвици во текот на денот. 

Приказната на Marella во Македонија започна во 2006, и Александра е дел од неа од самиот почеток, во улога на раководител на продажниот салон во Ramstore Mall. Таа ни откри што ќе ја одбележи оваа модна сезона, ни кажа повеќе за историјата на брендот, и ја сподели со нас нејзината успешна приказна во светот на модата. 

Како раководител на продажниот салон на Marella, ти си првото лице на брендот на овие простори. Како започна твојата приказна во светот на модата и менаџментот?
Уште како млада, исто како и сите жени, имав голем интерес за модата. Mојата приказна во светот на модата и менаџментот започна уште додека бев студент. Бев во сосема друго поле, но се вљубив во мојата работа тука, која прерасна во вистинска пасија, и трае веќе 13 години. Marella е првиот бренд од групацијата на Max Mara за кој се отвори посебен продажен салон во Македонија, и јас сум дел од тимот од самиот почеток. И до ден денес, ми претставува вистинско задоволство затоа што претставувам бренд кој никогаш нема да престане да расте, да иновира и да се развива.

Marella, Ramstore Mall

Marella, Ramstore Mall

Кажи ни нешто повеќе за брендот и неговата историја.
Marella е самостоен бренд кој е дел од семејството на Max Mara. Marella првично била колекција на Max Mara, и во 1988 се издвојува како независен бренд. Сепак, и до ден денес, во сите креации на Marella се чувствува духот, врвниот квалитет и префинетиот италијански дизајн на Max Mara.

Колку често патуваш во Италија на обуки од брендот? Можеш ли да ни откриеш што дозна на последната?
Обуките на Marella се одржуваат секоја сезона, и учеството во нив е есенцијално за мене како раководител на продажен салон. Овие регионални собири се предводени од самите креатори и дизајнери на брендот, а според мене најважното за нив е тоа што преку нив се поврзуваат желбите на потрошувачите и визијата на креаторите, токму преку нас, претставниците на продажните салони.

На последната обука дознавме за новата иновација за пердувестите јакни. Marella е еден од брендовите на семејството Max Mara што значи дека покрај дизајнот, креативниот тим примарно се фокусира и квалитетот на материјалите и постојана иновација при процесите на нивната обработка.

Marella е првиот бренд во семејството на MaxMara во кој се воведува новата иновација наречена ThinDown, посебен процес на обработка на пердувите во вид на ткаење. Крајниот резултат е тенка и униформна ткаенина направена од пердуви која одлично изолира и ја регулира телесната топлина, слично како традиционалните пердувести јакни, но со многу поголема ефикасност и секако, значително помал волумен.

Marella, Ramstore Mall

Marella, Ramstore Mall

Според тебе, кое е парчето што ќе ја одбележи сезоната есен/зима 2019/20 од новата колекција на Marella?
Покрај препознатливите и безвременски капути на Marella, мислам дека оваа сезона најинтересни се јакните со две лица од линијата на ThinDown. Тие доаѓаат во 3 металинк нијанси, додека сите 3 имаат и уште едно лице, во црна боја. Оваа модна сезона ни претстави многу металик мотиви, и мислам дека токму тоа ќе ја одбележи сезоната.

Како би го опишала стилот на една Marella жена?
Жените кои се пронаоѓаат себе во Marella се пред се гламурозни и модерни, и имаат доза на италијанскиот дух и стил во себе. Тие се сакаат себе, живеат динамичен живот, и сакаат да изгледаат беспрекорно. Marella е секогаш тука за да ги поддржи во таа мисија.

Marella, Ramstore Mall

Marella, Ramstore Mall

Кои се предизвиците и предностите кои доаѓаат со твојата улога? Што го мотивира твојот тим секогаш да нуди супериорна услуга?
Кога го работиш тоа што го сакаш, навистина не чувствуваш дека времето поминува. Верувам дека љубовта кон работата е најголемата мотивација за сите членови на нашиот тим. Но покрај тоа, мислам дека кога работиш со бренд како Marella, каде не си издигнуваат поединци, туку вредноста на сите во тимот, е дополнителна мотивација. Истото важи и за Магнетик, модната групација која е претставник на сите брендови на Max Mara во Македонија, каде напредувањето е императив и затоа сите заедно, секогаш одиме напред.

Каков моден совет би споделила со читателите?
Тоа што го носиме е наш личен печат и првата импресија која ја оставаме за себе, но тоа што е најважно е како се чувствуваме. Облеката треба да биде комплимент за нашето тело, став, и расположение. Секогаш треба да се облекуваме за себе, затоа што сите жени пред сѐ, треба да се свои.

IMG_7963.JPG
Што пропуштивте на Carpisa Megastore Grand Opening Surprise Party?

Што пропуштивте на Carpisa Megastore Grand Opening Surprise Party?

7 Совети за паметен шопинг овој Black Friday

7 Совети за паметен шопинг овој Black Friday