7 Совети за паметен шопинг овој Black Friday

7 Совети за паметен шопинг овој Black Friday

Шопинг сензацијата Black Friday започнува за само еден ден. Овој викенд е омиленото време за шопинг на сите љубители на модата со добра причина: неверојатни попусти на кај ваши омилени брендови. Утре тие ќе ги отворат своите врати, и ќе ви понудат неверојатни понуди на актуелната колекција есен-зима 2019 - нешто што не сакате да го пропуштите.

Секако, овој шопинг спектакл привлекува многу луѓе и најдобрите понуди брзо се распродават. Затоа што сакаме да го извадите максимумот од овој викенд: ова се нашите 7 совети за паметен шопинг овој Black Friday.

- 20% во MARELLA, Ramstore Mall

- 20% во MARELLA, Ramstore Mall

  1. Направете истражување

Многу од брендовите уште денес споделуваат што ќе биде достапно на неверојатно намалување од утре. Посетете ги социјалните мрежи на вашите омилени брендови и дознајте точно кои парчиња ќе бидат на попуст.

- 20% во PENNYBLACK, Ramstore Mall

- 20% во PENNYBLACK, Ramstore Mall

2. Направете план

Искусните Black Friday шопери знаат колку е вредна стратегија за овој викенд. Дознајте кои продавници имаат најдобри понуди, и кои продавници имаат најмалку примероци од секое парче. Која ќе биде вашата прва шопинг дестинација?

- 30% во MOTIVI, Ramstore Mall & Skopje City Mall

- 30% во MOTIVI, Ramstore Mall & Skopje City Mall

3. НЕ ги следете импулсите

Black Friday е одлична прилика да го купите кремавиот капут кој го сакате веќе долго време, и тоа на голем попуст. И покрај тоа што ќе бидете бомбардирани со неверојатни зделки каде и да се завртите, не дозволувајте вашето внимание да биде одвлечено од помалку вредни понуди додека се движите накај вашата цел.

- 20% во WEEKEND MAX MARA, Ramstore Mall

- 20% во WEEKEND MAX MARA, Ramstore Mall

4. Направете буџет

И покрај тоа што е крајот на месецот, гледајте на овој шопинг како инвестиција за претстојната сезона. Само овој викенд можете да ја купите јакната која веќе долго ја посакувате на 20% или 30% попуст. Дознајте точно колку може да потрошите и фокусирајте се на парчиња кои ќе ги сакате и ќе ве служат долги години.

- 20% во LIU JO, Ramstore Mall

- 20% во LIU JO, Ramstore Mall

5. Бидете брзи

Во оваа трка најбрзите навистина победуваат. Доколку можете, направите брз шопинг за време на паузата од работа. Вака ќе ја избегнете и големата толпа која сигурно ќе пристигне подоцна во денот и ќе биде присутна целиот викенд.

Совет од експертите: Повеќето продавници го започнуваат својот попуст и од денес, така што доколку можете, уште денес посетете ги вашите омилени продавници.

- 20% во PENNYBLACK, Ramstore Mall

- 20% во PENNYBLACK, Ramstore Mall

6. Правете брзи но паметни одлуки

Не губете време на долго размислување дали да купите нешто или не. На овој викенд, секоја минута е подрагоцена од вообичаено. Одговорете си ги следниве прашања и брзо решете ја вашата дилема:

Како се чувствувам носејќи го ова парче?
Дали одговара на мојот личен стил и карактер?
Дали би го купила и да не беше на попуст?

- 20% во PINKO, Ramstore Mall

- 20% во PINKO, Ramstore Mall

7. Дозволете му на вашето срце да ве води

Само што ви кажавме дека е многу важно да направите план, и да им кажете НЕ на импулсите, но понекогаш вреди да отстапите од ова правило. Љубовта најчесто се случува непланирано, и треба да и дозволиме да не води. Можеби сте планирале да купите едно нешто, но на вашиот пат наоѓате нешто подобро, нешто што едноставно ве обзема, и би го купиле и да не беше на попуст. Кажете им ДА на тие чевли, на таа чанта и на таа јакна. И не се чувствувајте лошо за вашата одлука.

- 20% во WEEKEND MAX MARA, Ramstore Mall

- 20% во WEEKEND MAX MARA, Ramstore Mall

Не плашете се да ги примените нашите совети и во продажните салони на Weekend Max Mara, Marella, Gerry Weber, Pennyblack, Liu Jo, Pinko, Magnetik Gallery, Paul&Shark, Fiorella Rubino, Motivi, Oltre, Carpisa и Yamamay кои ви нудат од 20% до 50% попуст на одредени артикли, и посетете ја нашата Facebook страна за да го направите чекор број 1. 

Среќен шопинг!

Интервју со раководителката на Marella: Повеќе од една деценија во светот на модата и менаџментот

Интервју со раководителката на Marella: Повеќе од една деценија во светот на модата и менаџментот

Како да се грижите за кожните јакни, чевли и чанти.

Како да се грижите за кожните јакни, чевли и чанти.