Како да го изберете идеалното бикини за вашето тело?

Како да го изберете идеалното бикини за вашето тело?

После периодот поминат од дома, сите сме жедни за сонце, вода и уживање. И конечно дојде време за да ги претвориме нашите летни фантазии во реалност. Секако, со тоа се појавуваат и неколку предизвици, како, каде да одиме, во што да се спакуваме, и најтешкиот предизвик од сите, какво бикини да си купиме?

Костимите за капење навистина се достапни во сите форми, бои и принтови, но понекогаш тоа го прави изборот многу потежок. За да ви го олесниме предизвикот, го направивме овој детален водич кој ќе ви открие кои типови на бикини најдобро го комплиментираат вашето тело, а и кои модели е подобро да ги избегнувате.

Притоа, за да навистина ви олесниме, италијанскиот бренд Yamamay кои навистина има бикини и костими за капење соодветни за секое тело, ни послужија со примери кои можете да ги купите веднаш (во продажните салони на Yamamy во Skopje City Mall, Ramstore Mall и East Gate Mall и дел од прикажаните моделни, онлајн на magnetik.mk).

Кај обликот на круша, долниот дел на телото (задникот и нозете) тоа што прво паѓа во очи за вашата фигура, додека горниот дел на телото (градите и рамениците) се во помали димензии. За да правилно ја комплиментирате оваа фигура, треба да создадете илузија на баланс помеѓу горниот и долниот на телото. Тоа може да го постигнете преку избирање на парчиња кои го привлекуваат окото на горниот дел.

За да го акцентирате горниот дел на телото, изберете бикини со некаков визуелен интерес (како тантела, шарен принт или врвци), кое ќе зафаќа поголема површина од бикинито на долниот дел. Истото правило важи и за едноделните костими - изберете костим кој е визуелно привлечен примарно во горниот дел.

-50% Бикини со вез и шарени монистри, горен дел со отстранувачка врвка на вратот, и долен дел (не е на намаление) - Колекција пролет-лето 2022, достапни онлајн на magnetik.mk, и во Yamamay - Ramstore Mall, City Mall и East Gate Mall

-50% костим за капење со шарени монистри, длабоко деколте и висок долен дел, во нежна праска боја - Колекција пролет-лето 2022, достапни онлајн на magnetik.mk, и во Yamamay - Ramstore Mall, City Mall и East Gate Mall

-50% Разнобојно бикини со набрани детални, триаголен горен дел со розева база и врвци, долен дел со странични декоративни набори - Колекција пролет-лето 2022, достапни онлајн на magnetik.mk, и во Yamamay - Ramstore Mall, City Mall и East Gate Mall


Можеби во очите на многумина, доколку имате фигура како песочен часовник, нема нешто што не ви стои. Но тоа не е вистина. Кога се работи за овој тип на тело, кое веќе е релативно балансирано, тоа што не сакате да го направите е да го доведете во дисбаланс. Избегнувајте долни делови кои се со висок струк но ниско кај препоните, како и горни делови кои се премногу впечатливи (со ракави, големи пандели и слично).

За да го задржите балансот а сепак да имате соодветна поддршка, изберете горен дел со поддржна жица и долен дел со висок струк/бразилско бикини. Исто така, можете да го истакнете го тенкиот струк дополнително со едноделно или дводелно бикини кое се врзува (кои се моментално и во тренд).

-50% Kостим за капење во впечатлива портокалова боја, со сјаен ефект и врвка за долга прицврстување на вртатот/половината, достапен и во светло сина боја - Колекција пролет-лето 2022, достапни онлајн на magnetik.mk, и во Yamamay - Ramstore Mall, City Mall и East Gate Mall

-30% Сино дводено бикини со марокански принт, триаголен горен дел со долги прилагодливи врвци, двостран долен дел со лице еднобојно и лице со принт - Колекција пролет-лето 2022, достапни онлајн на magnetik.mk, и во Yamamay - Ramstore Mall, City Mall и East Gate Mall

Сино дводено бикини, триаголен горен дел со отстранувачки чашки, и долен дел со странично подесување - Колекција пролет-лето 2022, достапни онлајн на magnetik.mk, и во Yamamay - Ramstore Mall, City Mall и East Gate Mall


Атлетската фигура се карактеризира со помалку истакнат долен дел, а во некои случаи и горен дел на телото. Оваа фигура е во баланс, и затоа можете да носите и едноставно триаголно бикини, но доколку сакате да додадете акцент на вашите атрибути, ви го препорачуваме следното.

Доколку сакате да го комплиментирате малите гради, изберете бикини со впечатлив дизајн во горнит дел, акцентирано со набори, жица или повеќе ткаенина за да создадете илузијија на поголеми гради. А за да го истакнете долниот дел, можете да изберете бразилско бикини со висок струк, со шав на средината на задникот. Овој детаљ ќе го постигне токму тоа што го посакувате, и идеално ќе го комплементира вашето тело.

-30% Цветно бикини со украсно порабување, триаголен горен дел кој може да се носи на неколку начини со долга врвца, долен дел со странично подесување - Колекција пролет-лето 2022, достапни онлајн на magnetik.mk, и во Yamamay - Ramstore Mall, City Mall и East Gate Mall

-50% Елегантен црн костим за капење, широки прерамки со набор на половината, висок струк и длабоко деколте - Колекција пролет-лето 2022, достапни онлајн на magnetik.mk, и во Yamamay - Ramstore Mall, City Mall и East Gate Mall

-30% Бикини со афрички paisley принт, горен дел со централно подесување и отстранувачка врвка околу вратот, и долен дел со истиот принт - Колекција пролет-лето 2022, достапни онлајн на magnetik.mk, и во Yamamay - Ramstore Mall, City Mall и East Gate Mall


Дамите со големи гради можеби се истантен магнет за внимание, но кога се работи за избирање бикини, понекогаш изборот им е многу потежок. За да останете елегантни додека сте на плажа, треба да се чувствувате комфорно во вашето бикини, и тоа да ви ја даде потребната поддршка.

Затоа изберете бикини со корпа или бикини со пошироки прерамки за поголема поддршка. Секако, доколку сакате можете да носите и триаголно бикини, но земете поголем број така што триаголниците ќе можат соодветно да ве покријат и да ви дадат поддршка.

-50% Бикини во впечатлива сина боја, триаголен горен дел со отстранувачки чашки, прилагодливи врвци, како и на долниот дел - Колекција пролет-лето 2022, достапни онлајн на magnetik.mk, и во Yamamay - Ramstore Mall, City Mall и East Gate Mall

-50% Бикини со принт со сини и розеви акценти, триаголен горен дел со широки прерамки кои се подесуваат, и еднобоен син долен дел - Колекција пролет-лето 2022, достапни онлајн на magnetik.mk, и во Yamamay - Ramstore Mall, City Mall и East Gate Mall

Бело бикини со набор и метален акцент, горен дел со отстранувачка врвка околу вратот, и долен дел - Колекција пролет-лето 2022, достапни онлајн на magnetik.mk, и во Yamamay - Ramstore Mall, City Mall и East Gate Mall


Широките раменици се уште еден елемент кој може да ја направи фигурата да изгледа дисбалансирана. За да го вратиме балансот, треба да најдеме начин и да го одведеме вниманието на друг дел од од телото. Тоа што не сакаме да го направиме е да привлечеме дополнително внимание, па затоа ви препорачуваме да ги избегнувате костимите за капење без прерамки.

Изберете костим со големи триаголни корпи, подебели или впечатливи прерамки, или асиметрично бикини. Едноделните впечатливи костими исто така се одличен избор затоа што го привлекуваат вниманието на вашето торзо наместо на горниот дел.

-50% Костим за капење со вткаени светкави монистри, асиметричен дизајн со една прерамка, црна база - Колекција пролет-лето 2022, достапни онлајн на magnetik.mk, и во Yamamay - Ramstore Mall, City Mall и East Gate Mall

-30% Бикини со риги/морнарски принт, асиметричен горен дел со една прерамка и хоризонтални риги, бразилски долен дел до централен набор на предлниот и задниот дел, - Колекција пролет-лето 2022, достапни онлајн на magnetik.mk, и во Yamamay - Ramstore Mall, City Mall и East Gate Mall

-50% геометриски костим за капење , дизајн налик две марами со прилагодувачки врвци и марама во истиот принт - Колекција пролет-лето 2022, достапни онлајн на magnetik.mk, и во Yamamay - Ramstore Mall, City Mall и East Gate Mall


Малите вдлабнатини на страните на задникот, таканаречени “hip dips”, го прават задникот да изгледа малку коцкаст. Повеќето дами кои имаат hip dips не се преокупираат со тој факт затоа што е природна појава, но доколку сепак сакате да направите нешто за да тоа биде помалку забележливо, имаме решение за вас. И покрај тоа што во повеќето случаи бикинито со висок струк/бразилското долно бикини е идеалниот избор (ги издолжува нозете и го акцентира струкот), кога се работи за ваквата фигура, овој тип на бикини само дополнително ја акцентира формата на задникот.

Во овој случај, подобро е да изберете долен дел кој е со висок струк но на тој начин што има поширока трака околу половината, и не се искачува високо на страните на задникот. Сакате да изберете бикини чиј раб ќе отсекува точно кај слабинската коска, односно на горниот дел на вашиот hip dip. Уште подобро е доколку бикинито има некакви акценти токму на овој дел, како панделка или мал карнер.

-30% елегантно бикини во темно сина боја и сјаен ефект, со триаголен горен дел со отстранувачки чашки и прилагодливи прерамки, и долен дел со висок струк и декоративна панделка - Колекција пролет-лето 2022, достапни онлајн на magnetik.mk, и во Yamamay - Ramstore Mall, City Mall и East Gate Mall

Црно бикини со панделки, горен дел со централна декоративна панделка, чашки и прилагодливи прерамки, долен дел со странични набри - Колекција пролет-лето 2022, достапни онлајн на magnetik.mk, и во Yamamay - Ramstore Mall, City Mall и East Gate Mall

Бело бикини со златен лого акцент, горен дел со врвка околу вратот и долен дел со прилагодливи стрнаични врвци - Колекција пролет-лето 2022, достапни онлајн на magnetik.mk, и во Yamamay - Ramstore Mall, City Mall и East Gate Mall


Еден од најголемите несигурности на многу дами е нивното стомаче. Сепак, ова не треба да ве загрижува затоа што со правилното бикини, сепак можете да изгледате одлично и да се чувствувате комфорно во вашето тело. Избегнувајте триаголни и бразилски бикини на долниот дел, затоа што тие само ќе му дадат дополнителен акцент на тоа што пробувате да го сокриете.

Затоа што целта е да направиме илузија на помал стомак, изберете бикини со висок струк кое отсекува кај слабинската коска на страните, и има некаков принт кој не е особено впечатлив (но, избегнувајте принт на хоризонтални линии). Комплетирајте ги изгледот со горен дел кој има визуелен интерес, за да го привлече вниманието на горниот дел од телото. А кога се работи за едноделните костими на капење, изберете таков што има некаков елемент на средината на телото, додека страничните делови се отворени.

Елегантен црн костим за капење со централен отвор во форма на капка, и набори - Колекција пролет-лето 2022, достапни онлајн на magnetik.mk, и во Yamamay - Ramstore Mall, City Mall и East Gate Mall

-50% Бикини со принт со сини и розеви акценти, горен дел со чашки и прерамки кои се отстрануваат, и долен дел со висок струк - Колекција пролет-лето 2022, достапни онлајн на magnetik.mk, и во Yamamay - Ramstore Mall, City Mall и East Gate Mall

Дводелно бикини во сина боја, горен дел со чашки, прилагодливи прерамки и златни декоративни акценти, и долен дел со висок струк и странични набоди со панделки - Колекција пролет-лето 2022, достапни онлајн на magnetik.mk, и во Yamamay - Ramstore Mall, City Mall и East Gate Mall


Се надеваме дека нашиот водич ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор. Сепак, доколку ви се допаѓа некое бикини кое е во друга категорија, тоа е сосема во ред. Тоа што е најважно е вие да се чувствувате убаво во својата кожа и да бидете задоволни со вашиот избор. И секако, да уживате во летото на ваш начин.

Сите костими за капење кои се прикажани се достапни во продажните салони на Yamamay во Ramstore Mall, Skopje City Mall и East Gate Mall во ограничени количини. Дел од моделите се достапни и на magnetik.mk за онлајн нарачки.

50 луксузни модни парчиња на неодоливо намаление до -50%!

50 луксузни модни парчиња на неодоливо намаление до -50%!

До -50% на летната колекција на Yamamay!

До -50% на летната колекција на Yamamay!