Magnetik FASHION BLOG
Magnetik FASHION BLOG

Нова култура на купување

Oснована во 1992 година, Магнетик Групацијата со својата понуда на женска и машка модна облека и модни додатоци, денес е синоним за врвна услуга, квалитет, стил и елеганција.

Со 13 франшизни монобренд продажни салони, кои опфаќаат 12 светски познати модни брендови, Магнетик Групацијата спаѓа меѓу најголемите трговци со модни производи на просторот на Република Македонија.

Од нашето основање, па до денес, се стремиме да создадеме врвна компанија која на нашиот пазар ќе донесе производи од светски познати марки со прифатливи цени за секој купувач. И успеваме!

Нашето мото: “Нова култура на купување” ја претставува нашата визија во целина. Со околу 100 вработени и промислен избор на најуспешни модни марки овозможуваме купувањето да биде посебно и единствено доживување во нашите продажни салони.

Филозофијата на Магнетик Групацијата е насочена кон пазарот, обрнувајки особено внимание и почитување на потребите на потрошувачите. Нудејќи им квалитетна и врвна услуга, најнови модни трендови, широк спектар на облека и модни додатоци, на секој кој води сметка за себе му овозможуваме да создаде модерен и уникатен изглед.