Се што ви треба за идеалниот летен одмор

Се што ви треба за идеалниот летен одмор

Време е за новата летна авантура, за сензуалниот сончев тен и за вистинско уживање на топлиот песок. Време е да ги оставиме зад нас сообраќајниот метеж и секојдневните грижи, и да се препуштиме на повеќе од заслужените задоволства. Време е за вистинска релаксација и бесценети моменти поминати со најблиските. Време е за летниот одмор.

Но, пред да започне било која авантурата, секако, прво треба да се подготвиме. Пакувањето може да биде вистински предизвик затоа што не сакаме да заборавиме нешто, но од друга страна просторот во багажот секогаш е лимитиран. Оваа листа на есенцијални работи ќе ви помогне лесно да одлучите што и како да спакувате за да ги поминете сите моменти од одморот безгрижно и со стил.

1. Патни додатоци

Еден од најлесните начини да ослободите повеќе место во куферот за други задоволства е да го намалите просторот кој го зафаќаат сите производи за хигиена и козметика. Спакувајте ги само есенцијалните работи затоа што ова е време да и дозволете и на вашата природна убавина да блеска. Покрај тоа, многу голем простор зафаќаат сите големи шишиња шампони, купки и лосиони. Доколку се уште немате малечки шишенца за патување, овој сет од GO Carpisa е одлично решение за ослободување повеќе простор во вашиот куфер.

2. Костими за капење

Ретко се случува да ги заборавиме, но често забораваме да ги пробаме пред да ги спакуваме. Реалноста е дека за одмор од десетина дена нема да ви бидат потребни повеќе од 3 или 4 пара костими за капење, но важно е тие да бидат нешто во кое се чувствувате комфорно. Вистинското време за да ги пробате сите костими за капење кои ги имате и да ја направите финалната селекција е сега. Доколку не се пронаоѓате во костимите кои ги имате, време е да се почестите со нови. Yamamay има голема селекција костими за капење за сите стилови, од спортски до елегантни а како црешата на десертот, голем дел од нив се и на попуст.

3. Други додатоци за на плажа

Примамливите песочни плажи ќе ве повикуваат од моментот кога ќе се расоните, и нема да ви дозволат да си одите од нив пред прекрасното зајдисонце. За еден идеален ден поминат на плажа потребни ќе ви бидат неколку неколку есенцијални работи. Во зависност од вашите лични интереси, ќе сакате да понесето со себе книга или таблет, карти за играње или фотоапарат. Но никако не смеете да ги заборавите млекото за сончање, очилата за сонце со заштитен УВ фактор, и секако вашиот омилен пешкир. Благодарение на модерната технологија, овие работи може да ги спакувате во модерна торба која има посебен дел за ладни пијачки, или пак во ранец со соларен панел со кој ќе можете да ги полните вашите уреди и на плажа. Посетете ја GO Carpisa за да го изберете она што најмногу одговара на вашите уникатни потреби.

4. Обувки

Сите жени знаат дека нема такво нешто како “премногу обувки”, но кога се работи за патување, идеалниот број на обувки кои треба да го спакувате се 3. Изберете обувки кои веќе ги имате носено на подолги прошетки и знаете дека се удобни. Секако, покрај удобни сандали или балетанки за прошетка, потребни ќе ви бидат и еден пар од познатите обувки за на плажа, односно апостолки. Ако забележувате дека апостолките купени од дуќанчето до плажата брзо се расипуваат а сте фанови на овие весели апостолки, време е да си набавите нов пар кој ќе ве служи подолго време и ќе ви пружи оптимална удобност во движењето. Погледнетеги овие прекрасни апостолки од Yamamay и побрзајте затоа што количините се ограничени.

5. Ранец за прошетки

Ранецот е навистина неизоставен дел од едно патување. Покрај тоа што ќе ви биде корисен за време на патот, дефинитивно ќе ви биде потребен и за време на самиот одмор. Идеално за сите оние летни прошетки покрај водата или во градот е едно мало ранче. Ранчињата се ин оваа сезона, и со добра причина: тие се практични, удобни за носење и едноставно преслатки. Опуштете се максимално знаејќи дека сите ваши работи се безбедни на вашиот грб додека се уживате во дневните или вечерните прошетки. Изберете ранче во стилот и големината која ви одговара на вас од широкиот избор достапен во Carpisa и Go Carpisa. Ова е нашиот избор за ранче од новата колекција, а достапни се во 2 големини.

5-2.jpg

6. Куфер

Без разлика дали ќе патувате со авион, автомобил или афтобус, нешто што на сите ни е потребно е куфер. Квалитетниот куфер е нешто што ќе ве служи долго време, и ќе може да сметате на неговата издржливсот во секој момент од патувањето. Куферите се достапни во најразлични големини и бои, но не сите куфери се направени на ист начин. Покрај загарантираниот квалитет и 10-годишната гаранција на школката, куферите на Carpisa се познати по супериорниот дизајн и напредната технологија. Најновата колекција позната како FIRST се првите куфери во светот кои немаат патент. Новиот начин на затворање дава поголема сигурност и го олеснува затворањето на куферот. Покрај тоа, куферите FRST доаѓаат во повеќе вибрантни бои и имаат бесшумни тркалца. Дознајте повеќе за куферите и другите призводи на GO Carpisa во продажниот салон во центарот на градот.

6.jpg

*Сите прикажани артикли се моментално достапни во нашите продавници Yamamay во Skopje City Mall и Ramsore Mall, и во продажниот салон на GO Carpisa во центарот на градот на улица Никола Вапцаров. Побрзајте затоа што количините се ограничени.

Обувки кои мора да ги имате во вашиот плакар оваа сезона

Обувки кои мора да ги имате во вашиот плакар оваа сезона

Елеганција за секоја прилика: Нашиот избор на долги фустани за оваа сезона

Елеганција за секоја прилика: Нашиот избор на долги фустани за оваа сезона