5 спектакуларни комбинации за секоја свечена прилика

5 спектакуларни комбинации за секоја свечена прилика

Свечените прослави се нашата омилена прилика да се обвиеме во гламур и елеганција. Како жени обожaваме да се чувствуваме и да изгледаме ројално, но во секојдневието немаме многу прилики за да го направиме тоа. Поканата на свадба или слична свечена прилика за нас значи дека е време да се прикажеме во нашето најдобро светло - онакви какви што навистина сме: софистицирани и префинети. 

Во пресрет на свечените прилики, дилемата што да облечеме понекогаш знае да не мачи, особено затоа што е период на транзиција помеѓу летните и есенските трендови. Затоа ги направивме следниве свечени комбинации за вас кои одговараат на различни стилови а се во тек со актуелните трендови, за да можете опуштено да се подготвите и да се фокусирате на најважното: незаборавните моменти со пријателите и најблиските.

1. За самоуверената гламурозна дама

Врвот на гламурот за секоја жена е црвениот фустан. Нема да згрешите ако се одлучите за оваа огнената боја која вистински магнет за внимание. Овој префинет фустан на италијанскиот бренд Merella е вашиот идеален избор за вас. Комбинирајте го со високи црни потпетици кои нема да одвлечат дополнително внимание, но сепак ќе му додадат самодоверба на секој ваш чекор. Нашата препорака се овие црни чевли од Pennyblack кои одлично ги комплементираат вашите нозе и ќе ја издолжат женската силуета. Двете парчиња може да ги најдете во продавниците Marella и Pennyblack во Ramstore Mall.

MARELLA, Ramstore Mall

MARELLA, Ramstore Mall

PENNYBLACK, Ramstore Mall

PENNYBLACK, Ramstore Mall


2. За енергичната модерна дама

И покрај тоа што фустан секогаш е безбеден избор, секоја модерна жена се чувствува подеднакво софистицирано и во панталони или комбинизон. Наша препорака за вас е овој комбинизон на Pennyblack кој ќе го истакне вашиот струк и ќе ви даде комплетна слобода на движење. Комбинирајте го со впечатливи чевли кои ќе блескаат, и чанта која ќе додаде дополнителна доза на гламур. Нашите препораки се овие златни чевли и чанта со златни детали од италијанскиот бренд Liu Jo. Сите парчиња може да ги купите во продажните салони на Pennyblack и Liu Jo во Ramsotore Mall.

PENNYBLACK, Ramstore Mall

PENNYBLACK, Ramstore Mall

LIU JO, Ramstore Mall

LIU JO, Ramstore Mall

LIU JO, Ramstore Mall

LIU JO, Ramstore Mall


3. За нежната и ведра дама

За да навистина се чувствувате свои и самоуверени на свечените прослави важно е да го изразите вашиот личен стил. Нежните бои и силуети додаваат огромна доза на женственост и зрачат позитивна енергија. Изберете еден од овие два прекрасни фустани во од италијанскиот бренд Marella кои може да ги најдете во нашиот Magnetik Outlet, и комплитирајте го вашиот нежен и префинет изглед со овие лесни сандали на Liu Jo, достапни во продажниот салон во Ramstore Mall.

MARELLA, Ramstore Mall

MARELLA, Ramstore Mall

MARELLA, Ramstore Mall

MARELLA, Ramstore Mall

LIU JO, Ramstore Mall

LIU JO, Ramstore Mall


4. За софистицираната елегантната дама

Вистинскиот стил се познава по деталите и софистицираните дами знаат како да блескаат без да бидат екцентрични. Овој прекрасен фустан од Marella кој комбинира мрежести и свилени детали ќе ви помогне да се прикажете како вистински елегантна дама. Препорачуваме да го комбинирате со овие чевли на Weekend Max Mara кои се иделаен пар со оваа чантата со златни елементи од Liu Jо. Пронајдете ги сите три во Ramstore Mall во истоимените продажни салони.

MARELLA, Ramstore Mall

MARELLA, Ramstore Mall

WEEKEND MAX MARA, Ramstore Mall

WEEKEND MAX MARA, Ramstore Mall

LIU JO, Ramstore Mall

LIU JO, Ramstore Mall


5. За храбрата и стилска дама

Доколку сакате да изгледате шик и модерно, тоа можете да го постигнете со комбинација со панталони и сако. Нашата препорака за ваква комбинација се ова сако и панталони од Pinko, кои се идеални за сите свечени прилики и пригоди. Тие се исклучително модерна и свечена комбинација која ќе блеска со секое ваше движење. Ви препорачуваме да ги комбинирате со чанта во смирена текстура, како нашиот предлог од италијанскиот бренд Liu Jo. Посетете ги продажните самони на Pinko и Liu Jo во Ramsore Mall за да ја почувствувате нивната елеганција и во живо.

PINKO, Ramstore Mall

PINKO, Ramstore Mall

PINKO, Ramstore Mall

PINKO, Ramstore Mall

LIU JO, Ramstore Mall

LIU JO, Ramstore Mall

Аделина Тахири за луксузниот мултибренд Галерија Магнетик

Аделина Тахири за луксузниот мултибренд Галерија Магнетик

Garage Sale во Ramstore: Наши предлози со неодоливи цени

Garage Sale во Ramstore: Наши предлози со неодоливи цени