Елеганција и свежина во најновата колекција на Pasticcino чанти од Weekend Max Mara

Елеганција и свежина во најновата колекција на Pasticcino чанти од Weekend Max Mara

Светската турнеја Pasticcino чантите започнува во Венеција – патување кое ќе ја однесе култната чанта на Weekend Max Mara низ светот, до откривање на уметничката извонредност и занаетчиските традиции на различните региони и земји. 

Затоа што првата дестинација е венеција, новите Pasticcino чанти се изработени од скапоцена ткаенина Fortuny, произведена од легендарната текстилна фабрика во Венеција. Нивниот живописен дизајн го карактеризира и иконското прицврстување на спојката, со рачно изработени Мурано стаклени сфери. 

Во моделот на венецијанска чанта Pasticcino се користени три различни видови памук. Ткаенините се изработени на машини кои се уште се користат од 1922, рачно ткаени и боени. Карактеристични се златните и бакарни мотиви на слонова коска, и тиркизната позадина, акцентите на лаванда и длабоко црвена или крем основата. Неверојатно разновидна, оваа колекција на Pasticcino чанти е уникатна и дополнително се развива со двоен синџир за рамо или кратка кожна рачка, во соодветна боја за секоја од чантите.

Раскошот во деталите не застанува тука. Мурано топчињата на чантита се разликуваат едно од друго - едното е комбинира боја на слонова коска и контрасни, колоритни акценти за мермерен ефект, додека другото комбинира пастелни и впечатливи бои за тонален финиш.

И како и секогаш, Pasticcino чантите се меки и пространи, практични за секојдневието но сепак впечатлив и уникатен додаток на секој моден изглед. Збогатени со сатенска постава во златен тон и завршна облога од месинг метал, овие чанти се уметност која можете да ја носите на себе и едногласен симбол за вашиот стил.

Погледнете ги чантите од најновата колекција во продажниот салон на Weekend Max Mara во Ramstore Mall, дел од колекцијата во Magnetik Gallery во Skopje City Mall, или на нашата онлајн продавница magnetik.mk.

Venezia Pasticcino чанта со акценти на лаванда, 100% памучна ткаенина, Мурано топчиња за затварање и димензии 31 x 13 x 21 cm - колекција пролет-лето ‘22, достапна во Weekend Max Mara, Ramstore Mall

Venezia Pasticcino чанта со цветен дезен во мешавина од зелена и беж, Мурано топчиња за затварање и димензии 31 x 13 x 21 cm - колекција пролет-лето ‘22, достапна во Weekend Max Mara, Ramstore Mall

Venezia Pasticcino чанта со нежни шари во длабоко црвена боја на крем основа, Мурано топчиња за затварање и димензии  31 x 13 x 21 cm - колекција пролет-лето ‘22, достапна во Weekend Max Mara, Ramstore Mall и онлајн на magnetik.mk.

Venezia Pasticcino чанта со позлатен вез на основа во боја на слонова коска, Мурано топчиња за затварање, димензии 31 x 13 x 21 cm - колекција пролет-лето ‘22, достапна во Weekend Max Mara, Ramstore Mall и онлајн на magnetik.mk.

Venezia Pasticcino чанта со позлатени детали во комбинација од нежна сина боја, Мурано топчиња за затварање и димензии  31 x 13 x 21 cm - колекција пролет-лето ‘22, достапна во Weekend Max Mara, Ramstore Mall и онлајн на magnetik.mk.

Посетете не во продажниот салон на Weekend Max Mara во Ramstore Mall или во Magnetik Gallery во Skopje City Mall за да го почуствувате раскошот во живо, или нарачајте на нашата онлајн продавница magnetik.mk.

Carpisa GO куфери за вашата следна летна авантура!

Carpisa GO куфери за вашата следна летна авантура!

Подгответе се за летна авантура со Twinset!

Подгответе се за летна авантура со Twinset!