Фармерки кои мора да ги имате во вашиот плакар оваа сезона!

Фармерки кои мора да ги имате во вашиот плакар оваа сезона!

Има само едно парче облека кое е попопуларно секаде во светот, во секое годишно време, и важи за есенцијален дел од плакарот на сите луѓе. Секако, тоа се фармерките, кои првпат се појавуваат во Aмерика пред 150 години, и оттогаш стануваат незаменлив дел од нашето секојдневие.

Во текот на годините, фармерките доживуваат комплетна еволуција, и денес се достапни безброј стилови и варијации. При толку голем избор понекогаш е тешко да ги пронајдете идеалните за вас. Затоа ги издвоивме овие 5 стилови кои се есенцијални за секоја жена.

68936741_2436901753059198_6339171838914989410_n.jpg

Секоја жена треба да има еден пар темни фармерки, кои се особено добар избор за комбинации со чизми, кошули и јакни. Покрај тоа, ќе може да сметате на нив секогаш кога имате малку време да се облечете одлично, затоа што тие изгледаат прекрасно во речиси сите секојдневни комбинации.

Предлози од нашите брендови ⬇

1.jpeg
Screen Shot 2019-10-14 at 4.39.46 PM.png

Секогаш кога сакме да постигнеме пософистициран изглед а сепак да бидеме урбани и тренди, вистинскиот одговор за нас се црните фармерки. А за уште поголема доза на елеганција, изберете црни фармерки ѕвонарки - кои повторно се вратија во мода оваа година и изгледаат прекрасно во комбинација со вашите омилени високи потпетици. 

2a78e489e02f615d0510786d55d16a7d.jpg

Предлози од нашите брендови ⬇

3.jpeg

Исто така, незаменлив дел од плакарот на секоја жена се добро познатите светли фармерки, одлични за сите релаксирани комбинации со маичка. Секако, може да ја издигнете оваа комбинација на сосема друго ниво додавајќи и доза на елеганција со црно палто и вашата омилена чанта. 

61970535_148750539622884_887251573260478739_n (2).jpg

Предлози од нашите брендови ⬇

4.jpeg

Покрај овие 3 незаменливи стилови, секоја жена треба да има барем еден пар необични фармерки со забавни и тренди елементи. Овие фармерки се секогаш тука за ви го направат денот, и се точно тоа што ви треба за да бидете во добро расположение. Одлични за забави, но и за секој ден, ова се двата стила кои ви ги препорачуваме ние:

1 4.jpeg
Screen Shot 2019-10-14 at 4.49.48 PM.png

Кој е вашиот омилен стил на фармерки без кои не можете да замислите еден плакар?
Споделете со нас во коментарите.

Есен cо стил: Јакни, капути и наметки кои сакате да бидат ваши!

Есен cо стил: Јакни, капути и наметки кои сакате да бидат ваши!

Ново во Yamamay: Елеганција и сензуалност за секоја жена

Ново во Yamamay: Елеганција и сензуалност за секоја жена