Боите кои ќе доминираат оваа есен

Боите кои ќе доминираат оваа есен

Започнува сезоната на повеќе слоеви, топли наметки и згаснати бои. Есента е време за трансформација и нови почетоци, и омиленото време на сите љубители на модата. Најголемата инспирација за есенскиот стил се самите бои на природата, и модните трендови секогаш си играат со оваа прекрасна палета. 

Кои бои ги гледавме на модните писти на познатите брендови, и ќе ја одбележат претстојната есен? И како можете да ги комбинирате со други бои? Дознајте што треба да биде на врвот на вашата шопинг листа за оваа есен, за да секогаш бидете вистински модерна жена.


Камел

1. .jpg

Доколку се прашувате како да бидете шик оваа есен, одговорот е: Камел! Една од боите кои навистина ќе доминираат оваа есен е оваа прекрасна боја која е потемна од беж, а посветла од карамела, но која одговара прекрасно и со двете. Монохроматскиот изглед во камел е нешто што ќе го гледаме многу оваа есен, но исто така таа одлично се комбинира со сите други бои на есента. Нешто за оваа боја едноставно зрачи силно чувство за стил, и токму таква ќе бидете и вие во комбинациите со оваа нежна и смирена боја.

Предлози од нашите брендови 🔻

1 магнетик.jpg

Чили црвена

2..jpg

Црвената боја е неизоставен дел од гардероберот на секоја жена, но оваа есен една нијанса зрачи посилно од другите: црвена како чили. Оваа боја изгледа како што и звучи, огнена и “зачинета”. Ако сакате да се издвоите од толпата како најелегантната дама оваа есен, оваа е бојата е за вас. Одлична за сите формални настани, прослави и вечери, чили црвената боја ќе ве направи да блескате. И како бонус, чили црвената изгледа прекрасно на сите свилени парчиња!


Предлози од нашите брендови 🔻

2 магнетик.jpg
 

Сончево жолта

3-4.jpg

Оваа боја ја гледавме на модните ревии на Botega Veneta, Hermes и Lanvin, и дефинитивно ќе биде највпечатливата боја на оваа есен. Очекувајте да ја гледате во палта и јакни, но плетени парчиња како шалови и џемпери. Оваа боја зрачи позитивна енергија и изгледа одлично во монохроматски комбинации, односно со други парчиња во истата боја, или во комбинација со бои како кафена, модра, бордо и тегет. Покрај тоа, со оваа жолта боја ќе изгледа апсолутно прекрасно на сите идилични прошетки во природа оваа есен.

Предлози од нашите брендови 🔻

3 магнетик.jpg
 

Индиго

4-4.jpg

Велат дека сината боја е симбол за слобода, мудрост и лојалност. А нијансата индиго е највпечатливата сина, исто така нарекувана ројална, затоа што во минатото ја носеле само членовите на кралските семејства. Таа прави голем камбек оваа есен за да ги исполни нашите гардеробери со свежина и префинетост. Изгледа прекрасно во комбинација со црна и бела боја, и додава доза на свежина и модерен тон на вашите секојдневни комбинации.

Предлози од нашите брендови 🔻

GERRY WEBER

GERRY WEBER

 

Мерло

Помалку гласна но подеднакво моќна како црвената, мерло е една од најубавите бои, општо за сите сезони. Изгледа елегантно и софистицирано, како што е и виното, и изгледа одлично во комбинација со жолта, камел, црвена и зелена. Очекувајте да ја гледате многу во аксесоари и обувки, но исто така и во кожни мантили и велур капути. Мерло е боја која ќе ве обвие во мистерија и гламур, и ќе ги комплементира сите ваши омилени есенски комбинации.

Предлози од нашите брендови 🔻

5 магнетик.jpg
Како си поминавме на 'Гала' отварањето на Галерија Магнетик?

Како си поминавме на 'Гала' отварањето на Галерија Магнетик?

Аделина Тахири за луксузниот мултибренд Галерија Магнетик

Аделина Тахири за луксузниот мултибренд Галерија Магнетик