Уметноста на безвременската мода - ART 365 MARELLA

Уметноста на безвременската мода - ART 365 MARELLA

Трендот е минлив и секојдневно се менува. Можеме да забележиме дека особено во светот на модата работите се движат во круг, па често пати можеме да најдеме некое парче во "гардероберот на баба од нејзино време" кое совршено прилега na сегашниот најнов моден тренд.

Некои работи едноставно не излегуваат од мода. Меѓу нив се дефинитивно самодовербата, ставот, едноставноста, женственоста!

Токму затоа преку проектот АРТ 365 , модниот бренд МАРЕЛА пробува да ги долови карактеристиките на дамата за која трендот е КЛИШЕ! Истиот го изразува  и истакнува значењето на совршениот крој на облеката, каде секое парче e изработено со огромна љубов i кај кoj секогаш сe користат црната и белата  боја... Името само по себе кажува дека Marella преку овој проект сака да ја престави уметноста на парчето облека кое совршено ќе прилега на секоја дама во секој ден од годината, без оглед на годишното време!!


Прочитајте кои се 5те главни карактеристики на моделите од безвременскиот тренд на проектот ART 365.

1. ДА БИДЕ УНИКАТНО 

Секоја дама сака да поседува парче кое е уникатно и впечатливо, но не секогаш сакаме истото да е во принт од повеќе бои. Црно - белите комбинации се совршени за уникатен а сепак елегантен изглед.

2. ДА СООДВЕТСТВУВА НА СЕКОЈА ФОРМА НА ТЕЛО

Најголем проблем при шопингот е пронаоѓање на парче кое ни се допаѓа на изглед, а во исто време и ни се допаѓа како стои на нашата фигура. Секое парче од овој проект совршено се приспособува на секоја фигура.

3. ДА НЕ СЕ ГУЖВА

Кога патуваме, или кога треба да одиме на состанок после долг работен ден, без исклучок се случува нашата облека да биде изгужвана. За совршен изглед во секое време и секоја пригода, потребно е да имаме парче изработено од матерјал кој не се гужва. Проектот 365 на МАРЕЛА совршено го доловува овој аспект.

4. ДА БИДЕ ЛЕСНО ЗА КОМБИНИРАЊЕ

Дали ви се случило да си купите парче кое кога ќе го донесете дома, се освестувате дека не можете да го искомбинирате со ништо од вашиот гардеробер? Црно-белите модели совршено се вклопуваат во секоја комбинација и никако не смеат да бидат изоставени.

5. ДА БИДЕ ЛЕСНО ЗА ОДРЖУВАЊЕ

Колку често одите на хемиско и замолувате побрзо да ви бидат вратени парчињата? Би било одлично доколку секое парче би можело да го одржуваме сами во нашите домови и да заштедиме и време и секако пари.

MAX&Co - Како да комбинирате парчиња на попуст со новата колекција?

MAX&Co - Како да комбинирате парчиња на попуст со новата колекција?

Што да облечете за свечена пригода? - Совети од модна блогерка

Што да облечете за свечена пригода? - Совети од модна блогерка