Што носат познатите личности во есен?

Што носат познатите личности во есен?

Секогаш кога имаме дилема што да облечеме, се вртиме кон познатите личности за инспирација и идеи. Познатите пејачки, актерки и бизнис жени имаат одличен вкус за стил како на црвениот тепих така и во секојдневните прилики.

Овие жени, покрај градење на својата успешна кариера и грижа за семејството, секогаш се одлично облечени. Да, тие имаат стилисти и се блиски пријатели со познатите дизајнери, но и самите имаат исклучителен вкус за мода и стил. Тоа го гледаме особено во нивните секојдневни комбинации. Затоа, ги сметаме за наши стилски икони и секогаш не интересира како се облечени.

Погледнете кои се нивните омилени парчиња и комбинации за оваа есен:

sarahjessicaparkercamelcoat.jpg

Едно од омилено есенски парче на познатите личности е долгата наметка која ја носат заедно со нивните омилени комбинации. Ова парче им е фаворит за есенската сезона на познатите личности особено како додаток на секојдневните комбинации. Една од нив е стилската икона Сара Џесикa Паркер, позната по својата улога во Sex and the City, омилената серија на сите љубителки на модата. Од таа причина многу девојки и жени се вртат токму кон неа за инспирација и идеи што да облечат за формални прилики но и за секојдневни комбинации. На оваа слика може да ја видиме во лежерна комбинација на ова парче со фармерки и патики - сосема во тренд оваа есен.

Предлог од нашите брендови

1111.1111.jpeg

Ролките се за обичните џемпери тоа што високите потпетици се за сите други чевли. Тие и додаваат голема доза на елеганција на секоја есенска комбинација. 

Познатиот модел Кендал Џенер, многу често носи ролки. Нејзиниот стил е тренди и експериментaлeн, и сака да комбинира многу различни форми и текстури во своите секојдневни комбинации. 

Од друга страна, стилот на Пријака Чопра, индиската актерка и модел која беше Miss World во 2000-тата година, е повеќе софистициран и елегантен. Во оваа комбинација таа носи кремава ролка во ист тон со нејзиниот капут - сосема во тренд за оваа сезона.

kendalprijanka.jpg

Предлози од нашите брендови

1.2.jpeg
1.3.jpeg

Покрај еднобојните ролки, оваа сезона дефинитивно ќе доминираат и џемперите со риги. Тие ја комплeментираат женската фигура, и затоа и се омилени на Ешли Грахам, која моментално е еден од најпознатите модели во светот. Таа е стилка икона на многу девојки и жени, и тука може да ја видиме во едноставна но прекрасна комбинација: џемпер со риги и темни фармерки - одлична за секојдневните есенски прилики.

2.jpg

Предлог од нашите брендови

3.1.jpeg

Познатите дами се многу зафатени, и секогаш во движење. Најверојатно затоа, неизоставен дел од гардероберот на секоја позната личност во есенската сезона се темните фармерки. Тие одговараат со сѐ, а во исто време изгледаат малку поформално од светлите фармерки. Тука ја гледаме Лејди Гага, мега популарната пејачка и актерка која е позната по експериментирање со својот стил на црвениот тепих, но во секојдневието носи поедноставни вестерн комбинации. Доколку вашиот секојдневен стил е повеќе женствен, тогаш одличен пример за тоа како темните фармерки можат да се носат во такви комбинации е оваа на Блејк Лајвли, познатата актерка од Gossip Girl.

4.jpg

Доколку сѐ уште немате свој омилен пар, време е да си купите едни темни фармерки од PENNYBLACK во Ramstore Mall. Тие никогаш не излегуваат од стил и ви ветуваме дека ќе ги носите многу често и во другите сезони.

4.1.jpeg

Кој вели дека фустани не можат да се носат во есен? Малдите стилски икони Ема Робертс, актерка и бизнис жена која стои позади Belletrist, и познатата пејачка и актерка Селена Гомез, ни даваат одлични примери како може лесно да го изведеме овој изглед и да не ни биде ладно. Тајната се плетените фустани кои не само што изгледаат прекрасно, туку се одлични стилски парчиња за променливото време. Плетените фустани одамна се познати во еднобојни варијанти, но оваа сезона најмногу ќе ги гледаме во разнобојни комбинации со риги во склоп на на бохо трендот.

5.jpg

Предлог од нашите брендови

5.1.jpeg

Која позната личност е вашата модна икона и стилска инспирација? Споделете со нас и уживајте во есента со вашиот Магнетик!

Ново во Yamamay: Елеганција и сензуалност за секоја жена

Ново во Yamamay: Елеганција и сензуалност за секоја жена

Парчиња кои мора да ги имате оваа есен

Парчиња кои мора да ги имате оваа есен