Парчиња кои мора да ги имате оваа есен

Парчиња кои мора да ги имате оваа есен

Времето полека но сигурно станува поладно, и токму сега е време да инвестирате во неколку клучни парчиња за транзицијата во есен. Убавината на овој преоден период е тоа што можете да ги носите вашите омилени летни парчиња, комбинирајќи ги со стилски мантил, пар комфорни патики и шармантна марама. Преку овие додатоци може да оставите уникатен печат на вашата комбинација, и воедно да останете топли на есенскиот ветер.

Патики

Затворените чевли се есенцијални за претстојниот ветровит и дождлив период. Патиките се одличен избор за секоја модерна жена која постојано е во движење. Покрај тоа, трендот на носење патики со формални и елегантни комбинации значи дека навистина ќе може да ги носите секој ден. Изберете еден од нашите предлози кои се достапни во продажните салони на Liu Jo во Ramstore Mall, и Magnetik Galery во Skopje City Mall, и чувствувајте се комфорно и самоуверено со секој чекор. 

1. патики.jpg


Мантил

Историјата на мантилот започнува во дождливата Велика Британија, во 19-тиот век. Од тогаш, тој се појавува во најразлични верзии. Покрај добро познатиот кремав мантил, познати се и водоотпорните мантили, или по најновиот тренд, деним мантили. Прекрасната Аделина Тахири е облечена во кремав мантил на Patrizia Pepe, кој може да го купите во нашиот нов продажен салон Magnetik Galery, кој се наоѓа во City Mall Skopje. Погледнете ги и другите предлози од нашите брендови и кажете ни кој ви е омилен избор во продажните салони на Pinko и Marella во Ramstore Mall.


Марама

Свилената марама е светски симбол на женственоста и чувството за стил. А идеално време да ги комплементирате вашите комбинации со суптилната доза на раскош која ја додава една марама, е сега. Бидете препознатлива со вашиот исклучителен вкус за убавите нешта во животот со ова парче кое навистина е еден вид на уметничко дело. Таа ќе го краси вашиот врат, истовремено заштитувајќи ве од немирното есенско ветре. Погледнете ги предлозите од нашите брендови кои може да ги купите во продажните салони на Liu Jo и Marella во Ramstore Mall, и Magnetik Galery во Skopje City Mall.

3.3 marami 2.jpeg

Како годишните времиња, модата се менува, но стилот останува вечен. Бидете препознатливи по вашиот уникатен стил и оваа сезона co овие прекрасни парчиња и побрзајте за да бидат ваши!










Што носат познатите личности во есен?

Што носат познатите личности во есен?

Како си поминавме на 'Гала' отварањето на Галерија Магнетик?

Како си поминавме на 'Гала' отварањето на Галерија Магнетик?