Fashion Aperitivo на 21.03 во Pinko
Гламурозниот италијански бренд Pinko кој се отвори во Скопје Ramstore Mall, точно пред една година повторно ве изненадува со нова забава.
Минатата година си поминавме прекрасно на гала отварањето на Pinko во NLB галеријата. Убави и насмеани гости, одлични коктели и закуски, Pinko изложба и презентација на новата колекција и секако добра енергија.
Оваа година Pinko организира afterwork aperitivo. Најгламурозниот бренд секако дека одговара со вкусно аперитиво по рецептите на Missy Onion подготвени од Amigos Restaurant & Bar, вина одбрани специјално од Stobi Winery, мезе даски од Tekstil кој е претставник на највкусните месни и млечни производи на брендовите Zanetti/ Parmareggio и секако музика специјално подготвена од DJ UX.
Среќни сме што овој пат се спојуваме со мултиталентираните артисти Васе Доковски и Даниел Артевски ( BEAUTY HUB 202 ) со кои заедно ќе ви подготвиме една неформална мини модна ревија на која ќе се презентираат 15 целонси изгледи од Pinko.
Дата - 21.03.2019 Четврток
Старт - 17 часот
Ве очекуваме сите со насмевка, а на нас останува да ве изненадиме.