Наташа Петровиќ: самоуверена, талентирана и прекрасна

Наташа Петровиќ: самоуверена, талентирана и прекрасна

Моментално си вработена во театарот за деца и младинци. На што те научи ова искуство?

 Во театарот за деца и младинци работам веќе 5 години. И покрај турбулентните промени со кои се соочивме во институцијава изминатиов период, среќна сум што можам да кажам дека низ годиниве си ја имам потврдено љубовта кон професијата. Ја почувствував јасно во себе борбеноста и потребата да го заштитам и зачувам чувството што ме радува како дете кога сум на сцена и потребата да создавам нешто што ќе има импакт врз едукативниот развој пред се на младат публика. Но, исто така и ќе им понуди на повозрасната публика квалитетен репертоар. Ме научи дека искреноста на сцена што ја даваш ти се враќа во иста мера од другата стана. Бидејќи за мене театарот е примопредавање на емоции не само со колегите на сцена, туку и со публиката која одвоила неколку саати во денот за да дојде во театар и да гледа.

Marella- Капут

Marella- Капут

Marella- комбинација

Marella- комбинација

Marella- комбинација

Marella- комбинација

Те знаеме по многу филмски улоги. Имаш добиено и престижни награди. Дали за тебе има разлика работата пред камера со работата на театарска сцена?

Има разлика во начинот на кој се игра пред камера и на сцена. Сцената понекогаш бара поголеми движења и поинтензивен говор како би можеле да те видат и слушнат и во последните редови од гледалиштето а играта пред камера бара суптилност, искреност и природност што би се рекло - како и во животот.

Marella- Панталони Marella- Сако

Marella- Панталони Marella- Сако

Во која уметничка форма се пронаѓаш?

Театарот како изведувачка уметност е моето најсигурно место во моментов. Но, тоа не ме спречува во слободно време да ги тестирам и моите аматерски способности во областа на сликарстово како форма на визуелна уметност.

Marella- сако

Marella- сако

Marella- Сако

Marella- Сако

Marella- комбинација

Marella- комбинација

Зборуваш течно неколку јазика, убаво пееш. Кој е талентот кој не го поседуваш, а би сакала?

Отсекогаш посакував да имав акробатско тело и да можам да изведувам акробатски вештини.

Како изгледа подготовката за кастинг?

Сите имаме различен метод на подготовки без разлика дали станува збор за работа на лик за театарски или филмски проект или пак станува збор за кастинг за истите. Она што јас сметам дек е важно да се покаже на кастинг или аудиција е мојот сензибилитет, темперамент и читање на сцената. Се разбира во зададените рамки или насоки доколку веќе ги имаат зададено, па токму поради тоа претпочитам да не се појавувам со спремна улога и да не работам премногу на утврдување на ликот како за на премиера туку да воспоставам свој личен однос кон ликот за кој сум повикана и да бидам отворена на истиот да имплементирам промени доколку од мене биде побарано на денот на аудицијата.

Наташа никогаш не би облекла бели чизми и маичка со голо меше.

Marella- капут Marella- чизми Marella- ракавиц

Marella- капут Marella- чизми Marella- ракавиц

DSC_5912.jpg

На театарската сцена и на фимската сцена, секој лик кој го играш е дефиниран и од костумите кои му се доделени. Кое парче облека или комбинација мислиш дека ја дефинира Наташа?

Во театар понекогаш велиме дека костимот е пола од ликот бидејќи таму се користи за да го надополни карактерот на ликот како и визуелниот приказ на претставата. Но, лично не мислам дека облеката е таа што ги дефинира луѓето во глобала. Повеќе ја гледам како рефлекс на моментално чувство, емотивна состојба а многу често и економската ситуација. За мене е битно да се чувствувам удобно и своја во било која комбинација што ќе ја направам. Без разлика дали сакам да го потенцирам моменталното расположение или понекогаш сакам да ја скријам со тоа Наташа од другите.

На шопинг одиш најчесто одам сама и со појасна идеја што да купам за моите блиски отколку за себе

DSC_5981.jpg

 Кажи ни нешто повеќе за твоите пријатели. Дали влијаат твоите професионални ангажмани на пријателствата?

 За жал не би можела да кажам дека поминувам доволно време со моите пријатели: Или дека поминувам онолку време колку што би сакала токму поради брзиот и интензивен професионален живот на периоди. Моите пријатели се најпрекрасните луѓе на светот кој го прават целосен мојот свет. Со сите нивни доблести и ман, секој средба со нив за мене е како еден вид на позитивен енергетски рестарт на денот.

Што ти дава самодоверба?

 Неизмерната поддршка и љубов што ја добивам од моите блиски ми дава самодоверба и храброст да се справам со сите предизвици што ми ги носи секојдневието.

Што те плаши приватно и професионално?

Чувството на осаменост е нешто од што најмногу се плашам.

Кажи ни нешто повеќе за твојот следен проект?

Во периодот што следи ќе работам на неколку возбудливи проекти за кои сеуште не би можела јавно да говорам но можам само да кажам дека едвај чекам да го почнам процесот на подготовка за истите.

DSC_5963.jpg
DSC_6061.jpg

Модел// Наташа Петровиќ

Облека// Марела

Фотографии// Александра Костадиновска

Шминка и коса// Даниел Артевски

Продукција// Магнетик групација

Каролина Гочева е зимска убавица во новата и последна фотосесија на Магнетик за брендот Pennyblack

Каролина Гочева е зимска убавица во новата и последна фотосесија на Магнетик за брендот Pennyblack

Моден едиторијал на групацијата Магнетик со топ моделот Катарина Ивановска за гламурозниот бренд Pinko

Моден едиторијал на групацијата Магнетик со топ моделот Катарина Ивановска за гламурозниот бренд Pinko