ИВАНА ПАВЛАКОВИЌ: МИЛА, НЕЖНА И БУНТОВНА

ИВАНА ПАВЛАКОВИЌ: МИЛА, НЕЖНА И БУНТОВНА

Најмалите, а и постарите те знаат од ТВ серијата Петко, дали би сакала да играш во повеќе ТВ серии од овој тип. Дали би сакала да си дел од повеќе ТВ серии? Што мислиш за оваа форма на уметност?

Петко за мене е еден редок, успешен проект во нашава земја и се осеќам комотна да кажам дека ме радува  што сум во процесот уште од самиот старт кога почна како ТВ серија. Драго ми е што цели генерации деца растат со нас и посакувам во следните сезони да го одржиме квалитетот и на некој начин да допринесеме во развојот на младите генерации.

Капут// Marella

Капут// Marella

Комбинација// Marella

Комбинација// Marella

 Последен краток филм во кој те гледавме беше дипломскиот филм на Анастасија Лазаревска Малина. Дали за тебе има разлика работата пред камера со работата на театарска сцена? Во која уметничка форма се пронаѓаш?

Занаетот, флексибилноста и вистината на ликот се клучот. Апсолутно е дека постои голема разлика помеѓу работата на филм и театар. Ако филмот е лупа која не пропушта ниту еден детал и бара одредена суптилност, во театар секоја изведба е различна без разлика колку пати е изиграна претставата и носи поголема експресивност. Сакам успешно да се снаоѓам во двете.

 Дел си од Навигаторот Цветко. Што значи за тебе Навигаторот Цветко?

Театар Навигатор Цветко е јунак, херој кој успешно веќе неколку години му пркоси на тапкањето во место во кое западна македонскиот театар.

Херој кој не чека нештата да му паднат од небо, се бори со сите услови и неуслови во кои се наоѓа, ама шуќур не попушта и станува се поголем.

Е, мене ме радуе што тој јунак најде една мала група млади луѓе кои неуморно имаат што да си раскажат, да се прашаат, да комуницираат меѓу себе без да кенкаат и да ги натера условите во кои работат да им станат подраги од било кое излитено злато. Да се осеќаат ко да глумат на Бродвеј или во Schaubühne во Берлин. Да си играат.

Една огромна смисла која сакам вечно да трае.

Капут// Marella

Капут// Marella

Џемпер// Marella

Џемпер// Marella

 Како изгледа подготовката за премиера?

Еден убав, голем хаос во кој само јас сама некако успевам да се снајдам. Нешто ко растурена фиока во која се има поента.

 Ивана никогаш не би облекла?

Сакам да експериментирам. Мислам дека уште ми е рано да кажам што конкретно не би облекла никогаш на себе.

На театарската сцена и на фимската сцена, секој лик кој го играш е дефиниран и од костумите кои му се доделени. Кога би требало некој да ја игра Ивана Павлаковиќ кој костум би бил најсоодветен?

 Костимот без разлика дали во театар или на филм за мене игра огромна улога врз карактерот кој го градам додека работам на одредена улога. Станува дел од мене. Без разлика дали станува збор за костим од 1800та кој сам по себе бара одредени движења на телото или се работи за сосема голо тело, кое јас исто го перципирам како костим во својство на она што јас го играм.

Сметам дека точната дефиниција е дека веројатно секој костим кој ќе направи да осетам до крај дека е дел од мојот сензибилитет, личност, слобода  и кој ќе ми помогне улогата до крај да биде моја.

Јакна// Marella

Јакна// Marella

Јакна// Marella

Јакна// Marella

На шопинг одиш со?

Порано одев со се освен со памет у глава. Сега најчесто купувам кога немам план за тоа.

 Ивана не излегува од дома без?

 Сопствен став и  основна домашна култура. За другото, зависи која ташна ја носам.

Фустан// Marella

Фустан// Marella

Фустан// Marella

Фустан// Marella

 Кој е твојот омилен проект на кој си работела? На што те научи тоа искуство?

Секој процес мене ми  носи едно ново искуство и се радувам кога во мене расте нов човек. Во принцип, секаде каде што се осеќам слободна да креирам до бескрај. Да си поставувам безброј прашања и да се не плашам од одговорите.

Најдраги ми се процесите во кои со моите колеги имаме што да си кажеме и да се разбереме. Кога збориме на ист јазик. Кога бегаме од сувопарноста и правење улога или претстава на прва лопта. Нема полошо од инстант работи. Инстант супа купена за 20 ден. се прави за 10мин, ама онаа домашната за која ќе се потрудиш малце повеќе во кујна додека клокоти водата, а ти ги сечеш намирниците не е опасна за желудник. Така и во театар. Среќна сум што созревам со Солун град на духови, Антигона, Реалисти, Лерин.

Венера во крзно ми е може најдрагиот процес до сега, режија на Ивана Ангеловска, дуо драма во која партнер ми е Благој Веселинов и сакам убавото чувство од процесот со нив двајца да ми трае засекогаш. Зошто ми даде една нова смисла и ми отвори едни нови видици кои допрва ќе се шират како што претставата ќе се игра и живее.

Кажи ни нешто повеќе за твоите следни проекти?

Крајот на годинава ми беше позитивно турбулентен.

Имав две премиери на кои неизмерно им се радувам. Едната се случи на 6 и 7 ми декември, претставата “Реалисти” на Срѓан Јаниќијевиќ во МНТ,  а втората премиера на “Венера во крзно” во режија на Ивана Ангеловска на 9ти декември во Кино Култура. И двете претстави ќе се играат редовно на репертоар од крајот на јануари 2019та.

Кoнцертите на 5+ бенд се во тек додека го пишувам интервјуто, а од јануари ме чекаат два нови проекти на кои им се радувам и чекам да дојде денот да почнат.

А во меѓувреме, најдругарски ви ги препорачувам новите претстави во Кино Култура кои се дел од проектот “Направете место за младите театарџии”.

Фустан// Marella

Фустан// Marella


Модел// Ивана Павлаковиќ

Облека// Марела

Фотографии// Елена Фиданска

Шминка и коса// Даниел Артевски

Продукција// Магнетик групација

Pinko Love Bag

Pinko Love Bag

СИМОНА СПИРОВСКА: СИЛНА, ХРАБРА И ИСКРЕНА

СИМОНА СПИРОВСКА: СИЛНА, ХРАБРА И ИСКРЕНА