САЊА АРСОВСКА: ХРАБРА, СЕКОГАШ СО СТАВ, ЕНЕРГИЧНА И ИСКРЕНА

САЊА АРСОВСКА: ХРАБРА, СЕКОГАШ СО СТАВ, ЕНЕРГИЧНА И ИСКРЕНА

IMG_1331.jpg

Работиш во драмски театар, а пошироката публика те препознава и по детското шоу „5+ Фамилија“ и по ТВ-серијата „Инсајдер“. Немаш проблем да бидеш дел од различен уметнички израз. Што научи за себе од овие различни искуства? Која е следна форма од која би сакала да бидеш дел?

Научив што можам, а што не можам, што прави да се чувствувам лагодно, што ме затвора. За форма не знам, секоја што ќе има смисла и за која ќе вреди да се препуштам целосно.

Која претстава те има воодушевено последно?

Странци во Драмски. Не затоа што јас сум во неа, туку затоа што е комплетно театарско остварување, затоа што Нела Витошевиќ како режисер успеа да спои толку различни актерски енергии на сцена и тие да функционираат беспрекорно како едно тело. Затоа што долго чекавме таква претстава да му се случи на Драмски.

 Комбилизон- Marella

Комбилизон- Marella

 Претставата „Бог на Масакрот“,во режија на Витошевиќ, поставена на сцената на Народниот театар во Штип наиде на огромен интерес и воодушевување. Какво е искуството да одиграш после седум години повторно претстава на сцената на народниот театар во Штип?

Штипскиот театар е место кај што почнав со кариерата и секогаш ќе го чувствувам како посебен и свој. И кога после 7 години стапнав на таа сцена, го почувствував истиот мирис, истата радост. Како да си живеел некаде далеку и си се вратил дома.

 Фустан- Marella

Фустан- Marella

IMG_1062.jpg
IMG_1115.jpg

Работата на претстава е работа со цела плејада од уметници, актери, режисери и цел тим кој работи и дише заедно. Која претстава на која си работела е една од оние чија енергија нема да ја заборавиш, енергија која те променила и мотивирала?

Бог на масакрот. Тоа беше моја втора соработка со Нела Витошевиќ, после цели 5 години. По завршувањето на една од последните проби, почнав да плачам како мало дете. Од среќа, заради некаква чудно убава енергија што беше присутна меѓу нас актерите. Многу ректо можеш да сведочиш во театар на претстави во кои постои една идентична енергија кај цела екипа и тие си ја разменуваат и надополнуваат. Тоа е едно од најблагородните нешта, сите да се фокусирани на доброто на претставата, а не изолирано на својот личен перформанс и секогаш ќе им бидам благодарна на екипата што ми обозможи да го почувствувам тоа.

Дали сметаш дека можеш да научиш многу за човекот од неговиот личен стил на облекување?

Освен неговиот социјален статус и чувство за естетика, не мислам дека може да се процени за каков човек се работи. Облеката може да даде некои карактерни назнаки, не сметам дека може да го определи човекот. Но, морам да признаам дека чуѓе со добри чевли и откачени чорапи уживаат посебно внимание кај мене. Звучи снобовски знам, ама што да правам кога полудувам кога ќе видам добро комбинирани чевли со чорапи.

IMG_1413.jpg
 Комбилизон- Marella

Комбилизон- Marella

Која комбинација на облека е Сања?

Нешто од 60ти години, сметестено во Париз.

 Како се подготвуваш за премиера? Како изгледа твојот ден пред премиера?

Не се разговара со мене, апсолутно сум отсутна и свртена кон себе, не ми треба ни храна, ни вода. Имам една чудна навика на денот на премиера. Да се качам на вага и да мерам килажа. И ако имам под 45 килограми, значи дека сум завршила голема работа. Многу често знам и да чистам на денот на премиера, морам онаа чудна нервоза да ја исфрлам некако.

Последниве две години се реализираа успешни ТВ серии во кои учествуваше и ти? Дали овој тренд сметаш дека треба да продолжи?

Апослутно дека треба да се продолжи. Со последните серии што беа снимени, се покажа дека сме можеме да извадиме добар домашен продукт, кој освен уметничка, содржи и општествена и културолошка вредност.

Дали има нешто што те држи залепена за телевизор? Ако да, како изгледа овој посебен ритуал?

Не сум нешто зависна од телевизор, но знам да се закачам на добри серии.  Не само што ќе се закачам, почнуваат да ми влијаат на однесувањето и живеењето воопшто.

Што се спрема следно? Дали има нов проект на кој работиш?

Моментално во Драмски Театар спремаме нова претстава ”Крал Иби” во режија на Васил Христов. Особено сум возбудена што ми е доверен машки лик, принц на 14 години со Хамлетовски дилеми и Ромеовска љубов во себе. Едвај чекам да и ја подариме претставата на публиката.

 

Модел// Сања Арсовска

Облека// Марела

Фотографии// Елена Фиданска

Шминка и коса// Даниел Артевски

Продукција// Магнетик групација

Моден едиторијал на групацијата Магнетик со топ моделот Катарина Ивановска за гламурозниот бренд Pinko

Моден едиторијал на групацијата Магнетик со топ моделот Катарина Ивановска за гламурозниот бренд Pinko

ДАРЈА РИЗОВА: НАСМЕАНА, МИЛА, НЕПОСРЕДНА И ИСКРЕНА.

ДАРЈА РИЗОВА: НАСМЕАНА, МИЛА, НЕПОСРЕДНА И ИСКРЕНА.