Магнетик групацијата организираше италијанска вечер со Yamamay и Carpisa
Групацијата Магнетик организираше италијанска вечер во ресторанот Амигос каде ги презентираа колекциите на италијанските брендови Yamamay и Carpisa.
Беа поканети и присутни голем дел од нашите соработници и пријатели за кои готвеше гостин шеф кој подготви италијанско мени со специјална селекција на вино. Музичката селекција се состоеше од одличен џез со Иво и Шамба и чил амбиент.
Yamamay и Carpisa подготовија посебни подароци за нашите пријатели и издвоија посебни корнери каде ги изложија најспецифичните парчиња од есенеските колекции. Секако на настанот присуствуваше и Каролина Гочева која беше заштитно лице на нашата групација за 2018 година и Катарина Ивановска со која нашата групација соработуваше за прекрасната фотосесија за гламурозниот италијански бренд Pinko.




Посебен корнер имаше и брендот Go Carpisa кој изложи неколку сетови за патување.
За нашата групација се секогаш најважни луѓето, нашите соработници, пријатели и нашите лојални клиенти. Па, затоа се надеваме на уште вакви неформални дружби и убави моменти кои ќе ги споделуваме заедно.
Погледнете ги фотографиите од оваа прекрасна вечер.














